Мостич
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мостич бил висок функционер во Првото Бугарско царство во 10 век, за време на владеењето на Симеон I и Петар I. Тој ја носел титулата ичиргу-боил и најверојатно бил командант на гарнизонот во Преслав.

Мостич е познат од неговата надгробна плоча, пронајдена во црквата (денес позната како „црва на Мостич“) во Преслав. Надгробната плоча била откриена во 1952 од професорот Станчо Ваклинов и се чува во Националниот археолошки музеј.
Натписот на плочата е епитаф, што укажувало дека тој бил погребан во црквата: неговите останки исто така биле пронајдени, и откриле дека тој бил релативно низок (165–170 cm). Текстот е познат и по тоа што е еден од најраните извори во кои се споменува титулата "Цѣсарь"[2] ("Цезар"[3]).
Натписот гласи:
„ | сьде лежитъ мо- стичь чрьгоубъɪ- |
“ |
„ | Овде лежи Мостич, кој беше чргубиља при Симеон цезар и при Петар цезар. На 80 години, оставајќи го чргубиљството и сето имање, стана црноризец и така го заврши животот свој.[5] | “ |
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads