Мост „Слобода“ (Скопје)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мост „Слобода“ (Скопје)map
Remove ads

Слобода (првично име Моша Пијаде) претставува мост кој ја премостува реката Вардар и ги поврзува булеварите Војвода Васил Аџиларски и Стив Наумов во главниот град на Македонија, Скопје. Изграден е во 1936 година, а комплетно саниран и рекоструиран во 2011 и 2012 година.[2] Во почетокот коловозот на мостот бил поплочен со дрвени плочи и бил нарекуван Нов дрвен мост. Според староста, овој мост е втор по ред, веднаш по Камениот мост.[3]

Кратки факти Слобода, Координати ...
Remove ads

Реконструкција

Од изградбата на мостот во 1936 година немало никакви реконструкции и обнови сè до 2011. година, кога почнала комплетната санација на мостот. Според проектот на Град Скопје, освен потребната санација и проверка на статиката на мосотот, тој требал да добие и нови канделабри и нова ограда. Стилската ограда од ковано железо е со изведени слики и мотиви од македонското културно наследство и комплено ќе биде завршен во 2014. година. Вкупната сума за реконструкција била планирана да биде околу 1,14 милион евра[4], сума што предизвикала бројни негодувања кај одредени кругови.[5]

Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads