Мохавци

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мохавци
Remove ads

Мохавци или Мохавк (мохавски: Kanienʼkehá꞉ka) — најисточното племе од сојузот на Ирокези кое е населено западно од Шнектеди, Њујорк во САД.

Кратки факти Мохавк Kanienkehaka Mohawk, Вкупен број на населението ...
Remove ads

Име

Името мохавк доаѓа од зборот Narragansett што на мохавски значи тие јадат нешто, или човекојадци, односно јадачи на живи нешта што само ја потврдувало теоријата дека меѓу племињата на сојузот 'Долга куќа' изворно били раширено човекојадството, односно дека го јаделе месото на убиените непријатели. Сами себе пак се нарекуваат Каниенкехака или Каниенгехага, или "Народот од кременот".

Села

  • Канајохарие, источен брег на Отсквејго Крик.
  • Канастигаоне, северна страна на реката Мохавк
  • Каниенга, во близина на реката Мохавк Ривер
  • Каугхнавага, на реката Мохавк Ривер кај Ауриесвил.
  • Чучтононеда, јужната страна на Мохавк Ривер.
  • Канагаро, северен брег на реката Мохавк Ривер во округот монтгомери.
  • Ковогоконнугхариегугхарие, (?).
  • Новадага, во Данубе, округ Херкимер.
  • Оноалагона, денас Шенектедз
  • Осквејк, Монтгомери Каунт.
  • Саратога, околу Саратога,
  • Шаунактада, на и јужно од Албени.
  • Шохари, во близина на Шохари
  • Театонталога, северна на реката Шохари Крик.
  • Теванондадон, на полуостровот помеѓу езерото Отсего и Шенивас Крик.
Remove ads

Јазик

Јазикот кој го зборуваат се вика исто така мохавски кој е член на семејството на ирокеските јазици и има 3.000 говорници (1977 СИЛ) од 10.000 етнички Мохавци во Канада и САД.

Историја

Историјата на Мохавците игра доста важна улога во историјата на ирокезите. Во 1535 година пет племиња се среќаваат за првпат со бретонскиот морепловец Жак Картие, а на неговото второ патување дошло до судири. Мохавците се смета дека во 1570 биле прогонети од племето Адирондак. Овие Адирондаки мохавците ги нарекувале "ха-де-рон-дах" или "барк-еатер," што се преведува со тоа дека во кризните времиња употребувале кора од некоја врста на дрво за исхрана како би преживеале.

Скоро низ целиот 17 век историјата на Мохавците е полна со војни во кои на крајот изгубиле. Кога од колонизаторите добиле огнено оружје почнале да ги тероризираат соседните племиња.

Remove ads

Етнографија

Живот и обичаи

Мохавците се жители на Североисточните шуми, ловци и воини кои живате во големи куќи (long houses).Внатре во сојузот на 'Големата куќа' (Haudenosaunee), се познати како 'чувари на источната врата' (Keepers of the Eastern Door), односно Каниен'кехака На:кон:ке Ронтехнхоханонхнха (Kanien'kehaka Na:kon:ke Rontehnhohanonhnha). Оваа функција на западните ирокески територии ја извршувале Сенека племето, кои биле 'чувари на западната врата'. На женате главна работа и било да се грижат за децата и полињата на кои биле посеани 'трите сестри'. Мажите во текот на есента и зимата оделе на лов а со доаѓањето на летото и на риболов. Војната играла важна улога кај иролеската заедница. тое војувале со сите кои не биле припадници на нивното племе и заробениците ги мачеле, а додека децата ги посвојувале и ги одгледувале како ирокески воини.

Мохавк Индијанците познати се во современото американско друштво како многу барани заварувачи на железните конструкции на застрашувачки висини од 150 метри над тлото, по кои се качуваат и скокаат како верверички, без никаков страв од небесната висина.

Структура на друштвото Мохавците во советот на Ирокезите имале 9 поглавици кои ги застапувале, и кои припаѓале на 3 различни класи, по три од секој клан.

  • I. класа припаѓа на кланот Желки:

I. 1. Да-га-е’-о-га (‘Da-ga-e’-o-ga .’ Неутралниот или Штитот) 2. Ха-ѕо-вент’-ха ( ‘ Ha-yo-went’-ha .’ Човекот кој се чешла) 3. Да-га-но- ве’-да (‘Da-ga-no- we’-da .’ Неисцрпниот).

  • II. класа припаѓа на кланот Волк:

II. 4. Со-а-е-ња’ах (‘So-a-e-wa’ah .’ Тивкиот Говор) 5. Да-ѕо’-хо-го (‘Da-yo’-ho-go .’) 6. 0-а-а’-го- ва (‘0-a-a’-go- wa .’ Кај Големата Река).

  • III. класа припаѓа на кланот Мечка:

III. 7. Да-ан-но-га’-е-нех (‘Da-an-no-ga’-e-neh.’ Оној кој ги влече своите рогови) 8. Са-да’-га-е-ва-дех (‘Sa-da’-ga-e-wa-deh (‘.’) 9. Хас-да-вех’-се-онт-ха (‘Has-da-weh’-se-ont-ha .’ )

Remove ads

Мохавците денес

Денешните мохавци живеат во Онтарио, Квебек и Њујорк. Во Канада се организирани во 4 племиња (First Nations). Секое од овие племиња има своја посебна автономија, што значи има свои закони и власт.

Литература

  • Duvall, Jill. The Mohawk : a New True Book. Childrens Press, 1991.
  • Barr, Daniel P. Unconquered : The Iroquois League at War in Colonial America. Westport, Conn.: Praeger, 2006.
  • Socci, Mary Catherine. The Zooarchaeology of the Mohawk Valley. 1995.
  • George-Kanentiio, Douglas M. Iroquois on Fire : A Voice from the Mohawk Nation. Westport, Conn.: Preager, 2006.
  • Nancy Bonvillain, The Mohawk (Indians of North America)
Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads