М’гленце

село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia

М’гленцеmap
Remove ads

М’гленце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Кратки факти
Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во М’гленце живееле 400 жители.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во М’гленце живееле 400 жители.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[4]

М’гленце, според намалувањето на бројот на населението, преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 329 жители, а во 1994 година 118 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото М’гленце живееле 84 жители, од кои 33 Македонци и 51 Србин.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, од кои 6 Срби и 8 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото:[11]

  • Староседелци или доселеници со непознато потекло: Во минатото во селото постоела само една задружна куќа од која потекнуваат некои родови. Неа ја чинеле четири браќа. Стоилко, Бојко и Томо, додека потомците од четвртиот брат не се сочувани. Родови кои потекнуваат од браќата: Ќосинци или Стаменковци (4 к.), дедото Стаменко бил ќосав и затоа го добиле името; Луткинци (6 к.) потекнуваат од погоре споменатиот предок Стоилко. Го знаат следното родословие: Коле (жив на 70 г. во 1950 година) Стоша-Стоилко, основачот на родот; Илинци (4 к.) гранка се од родот Луткинци; Поповци (1 к.) потекнуваат од предокот Бојко; Стајчинци (3 к.) потомци се на некој од погоре споменатите браќа; Ковачевци (2 к.) гранка се од родот Стајчинци; Куртинци (1 к.) и они се гранка од Стајчинци; Станишлевци (9 к.) гранка се од родот Стајчинци; Марковци (2 к.) гранка на некој од погоре споменатите родови; Бирдоњци (1 к.) гранка се од родот Марковци. Имаат иселеници во Војводина; Пешинци (2 к.) гранка се од некој погоре спомнат род; Лазаровци (2 к.) исто така гранка од некој погоре спомнат род; Стојковци (1 к.) гранка се од родот Лазаровци.
  • Доселеници: Гулаци (5 к.) доселени се однекаде. Биле грбави и затоа го добиле името, и денес во овој род има грбави луѓе; Грчки (3 к.) доселени се однекаде. Не знаат како го добиле името. Некои мислат дека потекнуваат од предок Влав. Во овој род порано бил познат некој предок Стаменко Грчки; Цоканци (1 к.) доселени се од селото Герман. Имаат иселеници во околината на Гнилане; Цацаре (3 к.) некој говорел Цацаре и по тоа го добиле името; Дервиш-Јован (1 к.) доселени се од соседното село Рајчевци. Таму припаѓале на родот Близанци. Имаат иселеници во Славујевце кај Прешево и во Војводина; Томиќи (1 к.) доселени се од селото Сурдул кај Врање.
Remove ads

Иселеништво

Има многу иселеници од селото на територијата на денешна Србија. Јосифовиќи, Стошиќи, Дунгерини и Стојановиќи иселеници се во Трстени и Пољаници. Од 1878 година од селото се иселиле уште 14 семејства. Они преминале во Врање, јабланичкото село Кљајиќ, потоа во Жеглигово, прешевско, Горна Морава и во Параќин. Имало иселеници и во Војводина. Потоа едно семејство (Станислав) се иселило во кумановското село Ропалце. Јанковиќи се иселиле во Алиѓерце кај Прешево.

Remove ads

Личности

Личности родени во М'гленце:

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads