Намик Докле
албански политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Намик Хамза Докле (албански: Namik Dokle, р. 11 март 1946 , Драч) — албански политичар со македонско етничко, горанско потекло, поранешен вицепремиер на Албанија и поранешен претседател на парламентот на Албанија.
Remove ads
Животопис
Ран живот
Роден е на 11 март 1946 година во Драч. По народност е Горанец - албански Македонец, со потекло од с. Борје, Кукушко. Во 1970 година завршува високо образование на земјоделскиот Универзитет во Тирана, каде студира аграрна економика, како и на тиранскиот Универзитет, каде студира новинарство.
Кариера
Помеѓу 1970-1983 година работи како новинар во весникот „Пуна“, а од 1983 до 1989 година е негов главен уредник. Во 1991 г. е главен уредник на весникот „З`ри и Популит“.
Намик Докле е еден од раководителите на социјалистичката партија на Албанија од 1991 година. Помеѓу 1991-2000 година е пратеник од СПА во албанскиот парламент. Од 1992 до 1997 година е претседател на парламентарната група на СПА, како и заменик-претседател на СПА (1992-1996). Од 2001 до 2002 година е претседател на парламентот на Република Албанија.[1] Во третата влада на Фатос Нано (2002-2005) е вицепремиер.
Ги владее шпанскиот, францускиот и рускиот јазик.
Remove ads
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads