Национален парк Серенгети

From Wikipedia, the free encyclopedia

Национален парк Серенгети
Remove ads

Серенгетинационален парк кој се наоѓа во истоимената област во Танзанија, Источна Африка. На јазикот на Масаите, Серенгети значи „бескрајна рамница“. Регионот на Серенгети го вклучува Националниот парк Нгоронгоро, Масва, Лолиондо, Грумети и Икоронго контролиранара земја, како и Масаи Мара, националниот парк во Кенија[2][3]. Преку 90,000 туристи годишно го посетуваат паркот.

Кратки факти Национален парк „Серенгети“, Место ...

Серенгети бил основан во 1940 година. Зафаќа површина од 14.763 км2[4]. Во 1959 година од Серенгети бил одвоен резерватот Нгоронгоро. Еко-системот на Серенгети е еден од најстарите на планетата. Посебните одлики на климата, растителноста и животинскиот свет многу малку се промениле во последните милиони години.

Миграцијата е таа по која Серенгети е можеби најпозната. Повеќе од 1,5 милиони гну и 250,000 зебри мигрираат секоја година, односно се движат јужно од северните брда во јужните полиња за време на краткотрајните дождови секој октомври и ноември, и потоа вртат кон запад и север после долгите дождови во април, мај и јуни.

Во овој национален парк живеат лавови, леопарди, слонови, носорози, биволи, хиени, гепарди, зебри, грабливи птици итн.

Серенгети е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads