Небо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Воздухот сам по себе е проѕирен и безбоен , но за нас ведрото небо има сина боја. Тоа произлегува оттаму што воздухот е полн со ситни честички прашина. Сончевите зраци минуваат низ таа прашина која се однесува како филтер и ги пропушта првенсвено синкавите зраци од сончевата светлина. Ако покрај тие честички во воздухот има и други видови „прашина“ ,сончевата светлина се филтрира повеќе откоку што е потребно и небото веќе не е сино-воздухот е загаден.Таму каде што загаденоста е голема , синото небо останува само како еден убав спомен.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |

Remove ads
Небото како тема во уметноста и популарната култура
Небото се јавува како честа тема во уметноста и во популарната култура. Во таа смисла, постојат бројни дела кои се посветени или инспирирани од небото или тоа се јавува како дел од насловот.
Небото како мотив во книжевноста
- „Зошто служи небото“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[1]
- „Небо од камен“ - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[2]
- „Небо“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[3]
- „Тајната на небото“ - драма на шведскиот писател Пер Лагерквист.[4]
- „Небо“ - песна на полскиот поет Јан Лехоњ.[5]
- „Под отвореното небо“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1953 година.[6]
- „Споредно небо“ - поетска збирка на српскиот поет Васко Попа од 1968 година.[7]
- „Небесен прстен“ (српски: Nebeski prsten) - песна од истоимениот циклус на српскиот поет Васко Попа.[8]
- „Небо“ — краток расказ на македонската писателка Анета Попова.[9]
- „Небо во оган“ - книга на Марио де Са-Карнеиро.[10]
- „Неба“ — расказ на македонската писателка Мира Смаќоска-Танеска.[11]
- „Под небото“ - расказ од збирката на Димитар Солев, „По реката и спроти неа“ од 1960 година.[12]
- „Бескрајното небо не Пјер Безухов“ - расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2010 година.[13]
- „Небо“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[14]
- „Кажи ми небо“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[15]
- „Небесна гозба“ - унгарска народна приказна.[16]
Небото како тема во музиката
- „Небото над Трнско“ (хрватски: Nebo iznad Trnskog) — песна на хрватската рок-група Азра (Azra) од 1983 година.[17][18]
- „Западно небо“ (англиски: Western Sky) — песна на американската рок-група American Music Club од 1988 година.[19]
- „Доцна за небото“ (англиски: Late For The Sky) - песна од истоимениот албум на американскиот рок-музичар Џексон Браун (Jackson Browne) од 1974 година.[20]
- „Патот и небото“ (англиски: The Road and the Sky) - песна на Џексон Браун од 1974 година.[20]
- „Небо“ - песна на југословенската рок-група Електрични оргазам од 1981 година.[21]
- „Летам високо (во пријателско небо)“ (англиски: Flyin' High (In The Friendly Sky)) - песна на американскиот соул-музичар Марвин Геј (Marvin Gaye) од 1971 година.[22]
- „Северно небо“ (англиски: Northern Sky) - песна на британскиот поп-рок-музичар Ник Дрејк (Nick Drake) од 1970 година.[23]
- „Небо“ - песна на македонската рок-група Д Џон (The John).[24]
- „Гледам небото се подготвува да заврне“ (англиски: See The Sky About To Rain) - песна на американскиот рок-музичар Нил Јанг (Neil Young) од 1974 година.[25]
- „Индијанско летно небо“ (англиски: Indian Summer Sky) - песна на ирската рок-група У2 од 1984 година.[26]
- „Мајка-Небо“ (англиски: Mother Sky) - песна на германската рок-група Кен (Can) од 1970 година.[27]
- „Небото на Америка“ (англиски: Skies of America) — композиција на американскиот џез-музичар Орнет Колмен (Ornette Coleman).[28]
- „Портокалово небо“ (англиски: Orange Skies) — песна на американската рок-група Лав (Love) од 1966 година.[29]
- „Сончево небо“ (Sunny Skies) - песна на американскиот рок-музичар Џејмс Тејлор (James Taylor) од 1970 година.[30]
- „Големо небо“ (Big Sky) - песна на американската хардкор панк група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1982 година.[31]
- „Запалено небо“ (Burning Sky) - песна на англиската рок-група Џем (The Jam) од 1979 година.[32]
- „Горе од небото“ (Up From the Skies) - песна на рок-групата Џими Хендрикс Експириенс (The Jimi Hendrix Experience).[33]
Небото како тема во филмот
- „Небо од ванила“ (Vanilla Sky) - американски филм од 2001 година, во режија на Камерон Кроу.[34]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads