Димитар Солев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Димитар Солев (Скопје, 24 мај 1930 - Скопје, 24 септември 2003 ) — македонски раскажувач, романописец, драмски автор, есеист, книжевен критичар и преведувач.[1]
Животопис
Основно образование, од 1937 до 1941, стекнал во Пеќ. Нижа гимназија, од 1941 до 1944, учел во Скопје за време на окупацијата. По Ослободувањето учел гимназија. Студирал прво на Високата филмска школа во Белград, а потоа на Филозофскиот факултет, при што дипломирал на групата по историја на југословенските литератури.
Работел како уредник во Телевизија Скопје, директор на Македонската телевизија, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ (1978-1987),[2] и како главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи“.[3] Солев бил член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1956 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија, а одреден период бил и негов претседател.[4]
Remove ads
Творештво
Солев пишувал проза и есеи, а се занимавал и со преведување и со книжевна критика. Истовремено, за неговите дела пишувале повеќе критичари од поранешна СФРЈ, а неговите книги се преведени на повеќе јазици.
Тој е припадник на средната генерација македонски писатели кои се појавиле по Втората светска војна. На книжевната сцена се појавил во 1956 година, со збирката раскази „Окопнети снегови“, а веќе следната година го објавил романот „Под усвитеност“. Во 1960 година се појавила неговата втора збирка раскази „По реката и спроти неа“, додека вториот роман „Кратката пролет на Моно Самоников“ излегол од печат во 1964 година.[5] Во македонската книжевност, тој е познат како голем поборник за употребата на модерниот книжевен израз.[6] Исто така, Солев е еден од првите македонски писатели кој пишувал кратки прозни творби.[7]
Remove ads
Библиографија
Најпознати дела на Солев се:[8]
Збирки раскази:
- Окопнети снегови (1956)
- По реката и спроти неа (1960)
- Ограда (1963)
- Зима на слободата (1968)
- Слово за Игора (раскази, 1969)
- Одбрани раскази (1970)
- Полжави (1975)
- Црно огледало (1985)
- Одумирање на државата (1990)
- Промена на системот (1993)
- Ќелав штурец
- Синовски татковци (посмртно, 2006)[9]
Романи:
- Под усвитеност (1957)
- Кратката пролет на Моно Самоников (1964)
- Дрен[10] (1980)
- Зора зад аголот (1984)
- Дублер (1988)
- Мртва трка (1998)
Есеи:
- Кво вадис скриптор (1970)
Радио-драми:
- Пушка в езеро (1966)
- Бамја или hibiscus esculentus (1967)
- Патот на сенката (1968)
- Девственици (1969)
- Мртва стража (1969)
Сценарија:[11]
- 1959: По врвиците на слободата (сценарио)
- 1962: Граница (сценарио)
- 1964: Школски распуст (сценарио)
- 1965: Денови на искушение (сценарио)
- 1966: Патем (сценарио)
- 1972: Истрел (сценарио)
Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[12]
Награди
За романсираната биографија на Васил Антевски - Дрен, која беше објавена во 1980, Димитар Солев ја доби Рациновата награда.
Добитник е на наградата „11 Октомври“.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads