Никола Давчев
македонски партизан, дел од НОВМ From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Никола Давчев, роден со името Никола Петров Давчев (Ново Село, 19 април 1922 — Раштански Колиби, 10 септември 1944) — македонски партизан, дел од НОВМ. Член во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Партизан во осмата македонска ударна бригада. Деец во Народноослободителната борба во Македонија против бугарските и германските окупатори. За време на Битката кај Раштански Колиби тој храбро и трагично загинал. Во споменикот за загинатите во битката неговото име е грешно претставено како Коле Л. Давчев.
Remove ads
Животопис
Роден е во велешкото село Ново Село. Роден е во сиромашно земјоделско семејство, за основно училишно образование тој учел во селото Крива Круша којшто е раселено денес. Давчев одлучил да не продолжи со средно училишно образование и станал земјоделец заедно со неговото семејство. Имал интерест кон обработка на неговата земја и сточарство. Пред априлската војна тој си го одлужил воениот рок во Југославската армија.[1]
Со почетокот на народната ослободителна војна тој бил восхитен кон дејствата на македонските партизани и заради тоа се приклучил во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Во 2-ри септември 1944 година бил учесник со формирањето на осмата македонска ударна бригада. При патувањето на бригадата во Превалец и Горно Оризари, тие се сретнале со германски војници, за време на Битката кај Раштански Колиби, тој загинал од непријателски куршум. После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во неговото родно село, којшто денес е целосно раселено.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads