10 септември
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
10 септември — 253-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (254-и во престапна година). Остануваат 112 денови до крајот на годината. Предлошка:Септември 2025
Настани:
| 1608 | Џон Смит е избран за претседател на советот од Џејмстаун, Вирџинија. |
| 1823 | Симон Боливар е избран за претседател на Перу. |
| 1939 | Британскиот доминион Канада и објави војна на нацистичка Германија со што пресметката во Европа доби карактер на светска војна. |
| 1943 | Албанската партизански одред „Хаџи Љеш“ и Малесиската партизанска чета на народноослободителната војска на Југославија ја разоружале италијанската дивизија „Фиренца“ во Дебар и го ослободиле градот. Запленети се поголемо количество оружје и една радиостаница. |
| 1944 | Во ослободениот Париз, генерал Шарл де Гол, водач на армијата слободни Французи и на дегоистичкото движење ја создава првата влада на новата Четврта Република. |
| 1963 | 20 афроамерикански студенти влегуваат во јавните училиштачет во Алабама. |
| 1991 | Регистирано е политичкото здружение Македонски совет за европско движење со седиште во Скопје. |
| 1993 | Израелскиот премиер Јицак Рабин во Ерусалим го потпиша официјалното израелско признавање на Палестинската ослободителна организација (ПЛО). |
| 1994 | Во селото Арачиново, Скопско е осветен камен-темелникот на новата црква „Св. Маченик Талалеј“. |
Родени:
| 1487 | Јулиј III — римски папа. |
| 1588 | Николас Ланиер — англиски композитор. |
| 1659 | Хенри Персел — англиски барокен композитор. |
| 1786 | Николас Браво — мексикански политичар и војник. |
| 1839 | Чарлс Парс — американски филозоф. |
| 1894 | Александар Довженко — украински режисер, еден од доајените на советската кинематографија. |
| 1905 | Алексо Демниевски - Бауман — македонски борец во Шпанската граѓанска војна. |
| 1929 | Арнолд Палмер — американски голфер. |
| 1930 | Иван Аралица — хрватски писател и академик. |
| 1933 | Евгениј Крунов — советски космонаут. |
| 1933 | Карл Лагерфелд — германски моден творец. |
| 1955 | Рој Ајерс — американски џез-музичар. |
| 1941 | Стивен Џеј Гулд — американски палеонтолог. |
| 1945 | Хосе Фелисијано — порторикански гитарист. |
| 1947 | Иван Василевски — македонски поет. |
| 1948 | Георги Пирински — бугарски политичар. |
| 1949 | Мирослав Спироски — македонски новинар. |
| 1957 | Андреј Макин — француски писател. |
| 1958 | Крис Колумбус — американски филмски режисер. |
| 1959 | Петер Нелсон — американски глумец. |
| 1963 | Вујадин Станојковиќ — македонски фудбалер и тренер. |
| 1974 | Мирко Филиповиќ — хрватски боксер. |
| 1974 | Евгениј Чичваркин — руски стопанственик. |
| 1975 | Виктор Касаи — унгарски фудбалски судија. |
| 1976 | Густаво Куертен — бразилски тенисер. |
| 1977 | Сашо Алексовски — македонски фудбалер. |
| 1981 | Филипо Поцато — италијански велосипедист. |
| 1984 | Кристофер Сатон — австралиски велосипедист. |
| 1995 | Џек Грилиш — англиски фудбалер. |
| 2000 | Лоренцо Лука — италијански фудбалер. |
Починале:
| 1167 | Матилда — кралица на Англија |
| 1759 | Фердинанд Коншчак — хрватски истражувач |
| 1867 | Симон Сечтер — австриски композитор |
| 1931 | Дмитри Егоров — руски математичар |
| 1937 | Сергеј Третјаков — руски писател |
| 1944 | Данаил Крапчев — македонски револуционер |
| 1948 | Фердинанд I — цар на Бугарија |
| 1979 | Агостињо Нето — анголски политичар |
| 1988 | Александар Гаревски — македонски градежен инженер |
| 1989 | Јордан Ѓорѓевски — македонски агроном |
| 1999 | Алфредо Краус — шпански тенор |
| 2004 | Брок Адамс — американски политичар. |
| 2018 | Питер Донат — американски глумец. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads