Горно Оризари (Велешко)

село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia

Горно Оризари (Велешко)map
Remove ads

Горно Оризари (Велешко) е село кое се наоѓа во западниот дел на Општина Велес во долното сливно подрачје на реката Тополка, во околината на градот Велес.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е рамничарско на надморска височина од 310 метри, а од градот Велес е оддалечено 8 километри. Селото има полјоделско-сточарски карактер меѓутоа голем дел од населението учествува во дневните индустриски миграции. Во селото има осумгодишно основно училиште, амбуланта, пошта, продавници и угостителски објекти и урбанистички план.

Историја

Во XIX век, Горно Оризари било село во Велешката каза на Отоманското Царство.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 750 Турци 100 Македонци.[2]

Горно Оризари до 1953 година било во најголем дел (90,6  %) населено со Турци, кои масовно се иселувале во Турција, а на нивно место се доселувале Бошњаци (Муслимани) од областа Санџак во Србија.

Во 1961 година селото броело 1.888 жители, од кои 394 биле Македонци, 6 Албанци, 1.363 Турци и 48 останати, додека во 1994 година бројот на населението се зголемило на 2.023 жители, од кои 25 биле Македонци, 55 Албанци, 19 Турци, 1 Ром, 20 Срби и 1.903 останати.

Според пописот од 2002 година, селото има 2.262 жители и претставува една од најголемите села во Велешко.

Последниве години поради големата невработеност значајна е емиграцијата на Бошњаците во Австрија, а Македонците се населуваат обично во Велес.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.723 жители, од кои 63 Македонци, 36 Албанци, 14 Турци, 1 Ром, 2 Срби, 1.474 Бошњаци, 2 останати и 131 лице без податоци.[3]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]

Повеќе информации Година, Македонци ...

Најголем дел од населението кое се определило како останати, всушност претставуваат Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 не постоела можност за декларирање на бошњачки народ.

Родови

Горно Оризари е мешано село.

Според истражувањата од 1966/67 година, родови во селото се

Бошњачки

  • Бошњаците во селото се најмногубројни. Тие се доселени во селото од областа Санџак, поделена помеѓу Србија и Црна Гора. Највеќе домаќинства се доселени од околината на Сјеница (160 куќи). Потоа следуваат доселениците од околината на Нови Пазар (80 куќи), Тутин (60 куќи), Рожае (10 куќи) и од Пријепоље (10 куќи).

Албански

Турски

  • Турците биле меѓу постарите жители на ова село. Но со пропаста на Османлиското Царство, тие почнале да се иселуваат во Турција, а во селото останало само домаќинството на Асан Усеинов (1 куќа).

Ромски - православни

  • Стојадин (1 куќа), Стојадин 2 (1 куќа), Владо (1 куќа), Душан (1 куќа), Душан 2 (1 куќа), Благоја (1 куќа), Новица (1 куќа) и Бошко (1 куќа). Овие православни ромски домаќинства во селото се доселени од околината на Гнилане во Косово и Метохија.

Македонски

Бугарски

  • Гоневи (1 куќа), Миланови (1 куќа) и Василови (1 куќа) доселени се од селото Т’лмино кај Босилеград во Србија.[5]
Remove ads

Општествени установи

Во Горно Оризари има прва во Македонија диспензирана Општинска канцеларија, каде што граѓаните имаат непосреден контакт за добивање на голем број прашања и информации што се однесуват на локалната власт. Во склоп на канцеларија работи и бесплатна интернет пристапна точка, каде им дава бесплатен интернет на граѓаните на Горно Оризари.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постјат избирачкото место бр. 2209, 2210 и 2210/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни место биле запишани вкупно 2.167 гласачи.[7]

Редовни настани

Во Горно Оризари секоја година на лето се одржуваа културната манифестација „Бошњачки средби“.

Личности

Родени
Починати

Иселеништво

Во минатото ова село било чисто турско село, а кои се се помалубројни. По Втората светска војна во селото почнало да се населува и бошњачко население, кое население е најбројно во селото. Сепак преку ова село се имаат иселено преку 100 бошњачки семејства во Турција. Бошњачкото и турското население иселено во Турција се наоѓа во градовите Истанбул и Измир.[5]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads