Никола Минчев

Политичар од Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Никола Минчев
Remove ads

Никола Минчев (2 ноември 1915 - 6 април 1997) ― македонски комунист, политичар и учесник во Народноослободителната војска на Македонија.

Кратки факти Никола Минчев, Претседател на Собранието ...
Remove ads

Животопис

Основното образование го добил во Кавадарци, а Учителска школа завршил во Скопје пред Втората светска војна. Учителствувал во неколку села во Македонија, во времето на Кралство Југославија. Пред самата Втора светска војна, од 1940 година, бил учител во скопското село Љубанци.

Во Народноослободителната војска на Македонија се вклучил во 1941 година и станал член на КПЈ во 1943 година. Во текот на војната бил член на Месниот комитет на КПЈ за Кавадарци, командант на партизанскиот одред „Добри Даскалов“ и командант на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Избран е за член на Второто заседание на АВНОЈ и на Првото заседание на АСНОМ.

Thumb
Кралот на Белгија, Бодуен, и Никола Минчев вршат смотра на почесниот баталјон, 20 јули 1973 година.

По ослободувањето, тој вршел низа раководни функции. Тој е прв министер за просвета во Владата на НР Македонија (1945-1948), а потоа е потпретседател на Владата (1948-1951) и министер за финансии (1951). Бил член во собранијата на Македонија и Југославија, министер во Сојузната влада на Југославија (1958-1962), претседател на македонската Влада (1965-1968) и на Народното собрание на Македонија (23 септември 1968 - 6 мај 1974)[1] во времето кога се создава Уставот од 1974 година во чие создавање и донесување најактивно учествувал. До 1983 година е член на Советот на Федерацијата.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads