Никола Павлов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Никола Павлов, познат по псевдонимот Бутика[1] (Тетово, 1903Скопје, 1945) — македонски револуционер и адвокат, деец на Македонската младинска тајна револуционерна организација и ВМРО (Автономисти). За време на бугарската фашистичка окупација на Македонија Павлов се приклучил во Бугарскиот централен акционен комитет и го управувал градот Велес во почетокот на народната ослободителна борба.

Кратки факти Никола Павлов, Градоначалник на Велес ...
Remove ads

Животопис

Роден е во градот Тетово, 1903 година. Павлов потекнува од старо македонско еснафско семејство. За неговото основно образование тој учел во Тетово. За гимназиско образование тој се преселил во Скопје и учел во српската гимназија. После тоа продолжува во правен факултет под склоп на Белградскиот универзитет. Во 1927 година завршува со неговото образование При неговиот престој во Белград идеите на независна Македонија го убедил да се приклучи во Македонската младинска тајна револуционерна организација (ММТРО).[2]

Павлов заедно со други истакнати Тетовци успешно ја прошириле ММТРО во нивниот роден град. Павлов станува главниот водач на тетовската подгрупа на организацијата. Поради неговата желба за формирање на независна Македонија и неговите агитаторски дејства во 1927 година заедно со други истакнати дејци од ММТРО како Димитар Чкатров биле осудени од југословенската власт во Скопје. Откако бил ослободен тој продолжил со неговите револуционерни дејства и создадол врски поврзувајќи повеќе кадри на ММТРО. За време на втората светска војна Павлов соработувал со бугарската фашистичка окупаторска сила.[2]

Никола Павлов се приклучил во Бугарскиот централен акционен комитет и учествувал во формирањето на комитетската подгрупа во Тетово, поради неговата лојалност кон бугарската фашистичка власт Богдан Филов, тогашниот премиер на Бугарија, го поставил како градоначалник на Велес.[3] За време на неговиот мандат тој ги поставил основните темели за формирањето на велешката контрачета. Во 8 август, 1941 година Коце Ванов го преместил како градоначалник. Откако му завршил мандатот тој се вработил како адвокат во Скопје.[2]

Неможел да се врати во неговиот роден град поради тоа што било под италијанска окупација. Во делот на Македонија под склоп на Царство Бугарија тој учествувал во нејзиното управување и помогнал во организирањето на повеќе пробугарски клубови со цел да ја шири бугарската пропаганда во Македонија. Со развитокот на народната ослободителна борба Павлов изгубил надеж кон бугарската фашистичка власт и почнал повторно да ја подржува идеата за независна Македонија, тој заедно со неговиот другар Стефан Стефанов се обидиле да се приклучат во управата на Независна Македонска Држава но проектот никогаш не бил воведен.[2]

Поради неговата фашистичка соработка тој бил уапсан под новата македонска комунистичка власт и интерниран во Идризово. Таму го чувале двајца стражари, Ристо од Куманово и Јован Павловски — внукот на Никола Павлов, ослободен е во 1945 година но брзо починува после тоа. Псевдоисторичари како бугарската историографија и Коста Црнушанов го романизирале неговиот живот со цел да ја претстават новата македонска власт како сурова сили но намерно не го спомнуваат тоа што неговите мошти биле пренесени во црквата „Св. Недела“ во Битола каде што се и ден денес. Поради неговото учество во фашистичката окупација тој не е политички рехабилитиран во македонската историографија, но во бугарската историографија, слично како и други фашистички фигури, тој бил целосно рехабилитиран како политичко оружје за негирањето на македонскиот народ и јазик.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads