Никола Стојановски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Никола Иванов Стојановски (1 мај 1927 во Делчево ― 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
По свршувањето на основното училиште продолжил да учи во Трговската академија, откако семејството се доселило во Скопје. Во ноември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. По извршувањето на доверените воени задачи во Македонија, со Бригадата заминал за Војводина. Неговото учество на Сремскиот фронт било кратко. По пробивот на фронтот загинал на 16 април 1945 година во големата и крвава борба против Германците и усташите кај Врпоље во Хрватска.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads