Ново Село (Кочанско)

село во Општина Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia

Ново Село (Кочанско)map
Remove ads

Ново Село — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Името на селото е најчесто сретнуваното во Македонија и неговото значење е едноставно: спојување на придавката „ново“ со именката „село“, што доаѓа од мало населено место.[2]

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во северниот дел на Општина Кочани, на падините на Осоговските Планини.[3] Селото е планинско и од разбиен тип, чии куќи се издигаат на надморска височина од 900 до 1.100 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 19 километри.[3]

Историја

За време на Илинденското востание, четите на Христо Чернопеев, Владислав Ковачев, Георги Тренев, Душо Желев, Петар Самарџиев и други се сретнуваат со отоманската војска покрај Ново Село.[4]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 6,1 километар квадратен. На него преовладуваат шумите на површина од 241 хектар, на пасиштата отпаѓаат 171 хектар, додека на обработливото земјиште 157 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Село живееле 140 жители, сите Македонци.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Селото е мало, во фаза на раселување. Така, во 1961 година селото броело 150, а во 1994 година само 11 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, селото имало 15 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Ново Село било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кочани, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Оризари.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кочани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Полаки, во која покрај селото Ново Село се наоѓале селата Вранинци, Главовица, Горно Гратче, Долно Гратче, Јастребник, Костин Дол, Небојани, Полаки, Припор, Речани и Црвена Нива. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Костин Дол, во која влегувале селата Главовица, Костин Дол, Небојани, Ново Село и Речани.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0895 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месна заедница на селото Костин Дол.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Димитриј“
Цркви
Параклиси

Личности

Познатите гајдарџии „Браќа Стојанови“, кои се докажале на полето на македонската народна музика, потекнуваат од ова мало село.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads