Ново Село (Скопско)
село во Општина Ѓорче Петров, Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ново Село — населба во Општина Ѓорче Петров, во градот Скопје.
За други истоимени места, погледајте Ново Село.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено во западниот дел на Скопската Котлина. Лежи северно од населбата Ѓорче Петров и јужно од Волково. Практично е споено со Даме Груев на југ и Кисела Јабука на север.
Во западниот дел на атарот, преку железничката пруга е маалото Машиче, а на југоозапад се издига Оризарски Рид.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано со името Јени Чифлик и било христијанско, со 19 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 75 мажи христијани, со 6 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 162 жители.[2]
На крајот од XIX век Ново Село било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ново Село живееле 80 Бугари[3] христијани.[4][5]
Во селото работеле двете најголеми странски пропаганди. Според бугарски извори од 1903 г. целото христијанско население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија, нарекувајќи го „србоманско“.[6] Според патријаршискиот митрополит Фирмилијан во 1902 г. во селото имало 27 „српски“ патријаршистички куќи.[7] Согласно сознанијата, бугарската пропаганда потоа ја истиснала српската. Според податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ново Село има 320 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[4][8]
Во 1913 година, во селото биле евидентирани 135 жители. Било дел од Општина Бардовци.[9]
На етничката карта од 1927 година Леонард Шулце Јена го покажува Ново Село (Novoselo) како село со нејасен етнички состав.[10]
На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележил Ново Село двапати — еднаш како македонско село и еднаш како село со нејасен етнички состав.[4][11]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[12]
Remove ads
Стопанство
Население
На пописот од 2002 година, селото имало 8.349 жители, од кои 7.082 Македонци, 14 Албанци, 26 Турци, 869 Роми, 14 Власи, 274 Срби, 5 Бошњаци и 68 останати.[13]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.264 жители, од кои 1.176 Македонци, 2 Албанци, 41 Србин и 45 лица без податоци.[14]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]
Remove ads
Општествени установи

Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
- Богоја Стевковски (1915-1945) - македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[19]
- Ангел Маневски (1921-1945) - македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads