Нов Кавказ

село во Леринско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Нов Кавказ
Remove ads

Нов Кавказ (грчки: Νέος Καύκασος, Неос Кавкасос) — новоосновано доселеничко село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 229 жители (2011).

Кратки факти Нов Кавказ Νέος Καύκασος, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа 14 км североисточно од градот Лерин, на северниот крај на Леринското Поле, близу до границата со Р Македонија. Лежи на надморска височина од 605 м, а атарот му зафаќа 14 км2[2] Неколку стотини метри источно од селото минува Јелашка Река (Сакулева).

Историја

Населбата е создадена во 1920-тите и населена со Грци доведени од Кавказ, како бегалци од градот Карс, денес во североисточна Турција. Се смета дека поставувањето на населбата толку блиску до границата било направено од чисто политички побуди, особено што сите околни села се населени исклучиво со Македонци.[2]

Во 1928 г. селото имало 604, а во 1940 г. населението се накачило на 856 жители. Како последица на Граѓанската војна бројот на жителите опаднал и продолжил да опаѓа со иселувањето на жителите во поголемите градски центри поради тешките услови за живеење и немањето на вода за пиење.[2]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Долно Клештино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нов Кавказ, каде тоа е единствено населено место.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads