Нојенхаус

From Wikipedia, the free encyclopedia

Нојенхаусmap
Remove ads

Нојенхаус (германски: Neuenhaus) — мал град во округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Нојенхаус во рамките на округот Грофовија Бентхајм ...

Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Нојенхаус е сместен на реките Динкел и Фехте, близу границата со Холандија, оддалечен околу 10 километри северозападно од окружниот град Нордхорн.

Remove ads

Историја

Основање и именување

Нојенхаус бил основан во 1317 година од страна на грофот Јоханес II на Грофовијата Бентхајм на трговскиот пат помеѓу Минстер и Амстердам, кој исто така поседувал замок за негова заштита. Името на замокот, Динкелроде, дошло од реката Динкел, која таму се влива во Фехте. Во 1328 година, замокот – за да се разликува од замокот Бентхајм – бил означен како „нова куќа“ (et nye hus), а во 1369 година како Ниенхус (Nyenhuß) и во 1457 година како Ниенхуес (Nyenhueß')'

Развој

Брзорастечкиот град добил градски права во 1369 година, а во текот на XV век бил утврден со бедеми; постоеле само четири градски порти за влез во градот: Илзер, Фелдхизер, Дик- и Принзенпорте. Оттука генералот Карл фон Рабенхаупт во Втората холандска војна морал да постави 16 мостови, пред да го освои градот на 28 март 1674 година.

Од 1860 година, во него постоел основен суд и други установи,[2], кои постепено биле префрлени по Втората светска војна во окружниот град Нордхорн. Во 1953 година, долносаксонскиот парламент одлучил, дека Нордхорн треба да има сопствен суд, кој бил отворен во 1955 година. Поради намалување на случаите, основниот суд во Нојенхаус (како и судот во Бентхајм) бил затворен на 1 јули 1973 година.[3]

Припојувања

На 1 април 1929 година, општината Тајх била припоена кон Нојенхаус. На 1 јули 1970 година, општините Грасдорф (со Бишофспол, Тезингфелд и Фелдгар), Хилтен (со Бујтенборг) и Фелдхаузен, биле припоени кон градот Нојенхаус.[4]

Remove ads

Политика

Градски совет

Градскиот совет се состои од 27 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 10.001 и 12.000 жители.[5] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[6]

Повеќе информации Партија, % на гласови ...

Градоначалник

Градоначалник на градот Нојенхаус е Паул Мокри (CDU).

Збратимени градови

Нојенхаус е збратимен со следниве градови:

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads