ОУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ - Србица
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“[2] (официјално: Основно општинско училиште „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ - Србица; скратено: ООУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“) — централно основно училиште во селото Србица, Општина Кичево.[3] Училиштето се наоѓа помеѓу селата Србица и Арангел.
За други значења на поимот, погл. ОУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“.
Remove ads
Денес, училиштето е именувано по албанскиот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, додека во минатото училиштето го носело името Лирија („Слобода“).[4]
Remove ads
Местоположба
Објектот на централниот објект на училиштето се наоѓа на самиот влез во селото Србица, кога се влегува од страната на селото Арангел.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.[5]
Наставниот процес во централниот објект во Србица се изведува во две училишни згради една до друга.[6]
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[1]
- ПУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ - Жубрино, петтгодишно подрачно училиште; и
- ПУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ - Ново Село, петгодишно подрачно училиште.
Галерија
- Вториот училиштен објект
- Вториот училиштен објект
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads