Србица

село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia

Србицаmap
Remove ads

Србица — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево.

Кратки факти
Remove ads
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на Србица од селото Арангел

Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, сместено во Кичевската Котлина, во северниот дел на подрачјето на Општина Кичево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 750 метри. Од градот Кичево е оддалечено 12 километри.[2] Србица се наоѓа на западните падини на планината Челоица.

Србица отсекогаш било едно од најголемите села во Кичевско. Куќите се наоѓаат на благи падини и во плитки долини. Западно од Србица се наоѓа самата котлина, додека на исток благо се издигнуваат падините на Челоица. Низ селото поминувала некогашната теснолиниска железница Скопје-Охрид. Околни села се: Арангел, Жубрино и Ново Село.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Брце, Зеленок, Чешма, Аранѓелска Фуша („Поле“), Бара, Лиси Мад („Голем Даб“), Чешма Осломечка, Јасика, Волништа, Копач, Штеже, Филџаница, Вору, Аликручи, Крој Јонузи, Рамниште, Ализојца, Ара Ибос, Вражи Воденица, Јусуфица, Гумниште, Асанови Кошари, Рамна Јасика, Гуштерица, Чукале, Страга, Забел, Преслоп, Шуманица, Ајре Бајрес и Гропа.[3]

Селото има разреден тип, бидејќи помеѓу групите на куќите има суводолици. Од Србица скоро и да нема празен простор до селото Арангел, кое е сместено на северозапад. Од југ кон север, селото е издолжено околу 1 километар. Куќите на родовите се групирани и некои од нив носат имиња како Спаија, Касе, Епеџе и Балаж.[3]

Remove ads

Историја

Thumb
Селска чешма

Селото се смета за едно од средновековните села во Кичевско. Меѓутоа, во историските извори првпат било забележано во втората половина на XV век под истото име, кога имало 88 словенско-христијански куќи,[3] во кои живееле 80 семејства, 3 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[4]

Тоа се развило покрај средновековниот утврден манастир Маркулија, која се наоѓала во близина на селото, а чии остатоци можеле да се видат во 1920-тите години. Овие остатоци мештаните спомнувале дека биле од Крале Марко.[5]

Се зборува дека Србица некогаш имала околу 300 словенско-христијански куќи. Селото било многу важна населба за северниот дел на кичевскиот крај. Во Србица имало црква „Св. Никола“.[3] Во минатото селото Србица било населено со православни Македонци, за што доказ е записот во една од манастирските книги во Кичевскиот манастир во кои стои запишано: „во време на игуменот Гаврил јеромонах, сираче од село Србница, 1811 месец март 20[6]

За време на отоманската власт, веројатно крајот на XVII и почетокот на XVIII век, словенските христијани во Србица нагло се намалиле: едни се иселиле, додека други се исламизирале. А во другата половина на XVIII век, следувало населување на Албанци муслимани, по потекло од областа Матија во Северна Албанија. Најпрво дошле 7-8 албански домаќинства. Така населението во Србица станало мешано: македонско, торбешко и албанско. Помеѓу Торбешите (Македонци-муслимани) и Албанците, поради истата вера, се склучувале и брачни врски. Така Македонците-муслимани постепено го губеле својот мајчин јазик и се албанизирале. Македонското муслиманско население потполно се албанизирало во почетокот на XX век.[3]

Додека траел процесот на албанизирањето на Торбешите, христијанското население постојано се иселувало. Последните 5-6 христијански родови поради зулумите го напуштиле селото околу 1900 година. Старешините на тие родови се нарекувале Сандро, Пандил, Ќипро, Јован и Илија. Првите четири семејства заминале во Кичево, додека последното отишло во поречкото село Девич.[3]

Во XIX век, Србица било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

За време на Втората светска војна, балистичката окупациска власт селото го преименувало во Кастриотери.[3]

Remove ads

Стопанство

Thumb
Куќи во Србица

Атарот зафаќа простор од 10,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 333 хектари, на пасиштата отпаѓаат 250 хектари, а на шумите 228 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото се наоѓаат услужни објекти.[2]

По Втората светска војна, голем дел од машкото население се вработиле како наставници и железнички работници.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година, селото било познато како Србиската и имало 158 домаќинства со 400 жители муслимани и 92 жители христијани.[7]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 850 жители, Македонци муслимани.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 900 Албанци.[9]

Селото е големо, коешто во 1961 година броело 1.217 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 1.676 жители, од кои 1.672 Албанци, а двајца жители Македонци.[2]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Србица, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Србица живееле 1.862 жители, од кои 1.859 Албанци и 3 останати.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 796 жители, од кои 761 Албанец и 35 лица без податоци.[11]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Србица:

Повеќе информации Година, Македонци ...

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови:

Денес, Србица е албанско село, иако до крајот на XIX во него живееле и македонско население. Потеклото на денешните родови е мешано, едни имаат потекло од некогашните Торбеши, а други од вистинските Албанци.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Староседелци: Касе (36 к.) и Енеџе (35 к.), тие се исламизирани, па поалбанчени. Порано зборувале македонски, но мешајќи се со Албанците се албанизирале.
  • Доселеници: Али Спаија (75 к.), доселени се во втората половина на XVIII век од областа Мат во Северна Албанија. Овде се доселил извесен Али Спаија со своите пет сина во втората половина на XVIII век.[12]; Балаж (35 к.), имаат исто потекло како и претходниот род. Од местото на старина се иселиле тројца браќа, првиот во Србица, вториот во селото Ново Село, а третиот во селото Црвивци и Зиловци (25 к.), исто потекло како и претходните два рода, имаат роднини во селото Арангел (Бајрамовци, 25 к.).

Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[5]

  • Родови во Али-Спахи-Маало: Канзовци (12 к.) и Алиспахиовци (39 к.), староседелци;
  • Родови во Џами-Маало: Болаџовци (23 к.), чиј предок имал ромско потекло и потурчил христијанка за која се оженил; Пуреколковци (6 к.), Адиловци (18 к.), Гаџовци (10 к.), Џамијовци (47 к.), Цуцуловци (5 к.), Ипчевци (10 к.), Кавеџиовци (7 к.) и Елезовци (4 к.), доселени; Јагодиновци (4 к.), муслимани од Јагодина, Србија.
Remove ads

Општествени установи

Thumb
Основното училиште во селото

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Осломеј.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Осломеј, во која покрај селото Арангел, се наоѓале и селата Гарани, Жубрино, Лазаровци, Мамудовци, Ново Село, Осломеј, Премка, Србица, Стрелци, Црвивци и Шутово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Србица, заедно со селата Арангел, Ново Село, Србица и Туин.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 0785 и 0786 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.574 гласачи.[14]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска џамија
Археолошки наоѓалишта[15]
  • Маркулија — утврдена населба од железното, хеленистичкото и римското време; и
  • Црква — црква и некропола од средниот век.
Цркви

Во минатото во селото постоел храмот „Св. Никола“, како и средновековниот манастир „Св. Меркуриј“.[3][5]

Џамии[16]

Личности

Родени во или по потекло од Србица
  • Ахмед Хасан Калеши (1922-1976) — професор, ориенталист и преведувач;
  • Омер Калеши (р. 1932) — македонски и француски сликар[17];
  • Муса Демири (р. 1955) — криминалец, екстремист и поранешен командант на паравоената ОНА во Македонија и според европски списоци - терорист[18];
  • Фатмир Дехари (р. 1974) — македонски политичар и моментален градоначалник на Општина Кичево. Висок функционер на паравоената ОНА.[19]
  • Ипчија Шабан (р. 1956) — терорист, висок функционер на Албанската непријателска емиграција (АНЕ)

Починати во Србица

Remove ads

Иселеништво

Покрај споменатите последни христијански родови, од селото имало и постари иселувања, најчесто во кичевските села Карбуница (Стефановци, 1 к.; Боглевци, 2 к.) и Ново Село (Ќипро), како и во градовите Прилеп и Битола. Исто така, се знае и за стари христијанки по потекло од селото кои се омажиле во околните села.[3]

Во поново време има иселувања на Албанците и се знае за околу 20 семејства кои се преселиле во Кичево, додека родот Зенкоски (1 к.) заминал во Ериновци, а родот Губероски (15 к.) во Жубрино[3]

Наводи

Loading content...

Поврзано

Loading content...

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads