ОУ „Андреја Савески-Ќиќиш“ - Тетово
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Андреја Савески-Ќиќиш“ (официјално: Основно општинско училиште „Андреја Савески-Ќиќиш“ - Тетово; скратено: ООУ „Андреја Савески-Ќиќиш“) — централно основно училиште во градот Тетово, Општина Тетово.[1]
Името на училиштето е во чест на Андреја Савески-Ќиќиш.
Remove ads
Историја
Во минатото училиштето се наоѓало на местото на денешната гимназија и поранешно медициско училиште покрај реката Пена во центарот на градот. Училиштето својата воспитно-образовна дејност ја остварува од 1956 година, а во денешната зграда од 1961 година.
Некогаш училиштето имало околу 800 ученици, додека денес има нешто помеѓу 250 и 300 ученици. Бројот на паралелки е 18 на македонски и 5 на албански јазик. Некогаш важело за видно училиште во Тетово и регионот.
Во 2023 година бил запишан само 1 ученик Албанец во училиштето со што биле загрозени албанските паралелки во училиштето.[2]
Remove ads
Познати личности кои учеле во ова училиште
- Самир Љума - кинематограф
- Драгана Чуприна - модел
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads