ОУ „Браќа Миладиновци“ - Добрушево
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ - Добрушево; скратено: ООУ „Браќа Миладиновци“) — централно основно училиште во селото Добрушево, Општина Могила.[1][2]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Браќа Миладиновци“.
Училиштето е именувано по македонските преродбеници и писатели Браќа Миладиновци.
Remove ads
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа на влезот на селото, непосредно од левата страна на патот кој води од Ношпал.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[2]
Подрачни училишта
Во склоп на училиштето се следните подрачни училишта:
- ПУ „Браќа Миладиновци“ - Дедебалци;
- ПУ „Браќа Миладиновци“ - Мусинци;
- ПУ „Браќа Миладиновци“ - Ношпал; и
- ПУ „Браќа Миладиновци“ - Будаково-Трап.
Од нив, единствено во подрачното училиште во Дедебалци се одвива настава од прво до деветто одделение, додека во останатите настава од прво до петто одделение.[2]
Познати ученици
- Г.Г. Стефан (р. 1955) - Архиепископ Охридски и Македонски.
Галерија
- Влезот на училиштето
- Игралиште во дворот на училиштето
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads