ПУ „Браќа Миладиновци“ - Дедебалци
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Подрачно основно училиште „Браќа Миладиновци“ - Дедебалци; скратено: ПОУ „Браќа Миладиновци“) — подрачно основно училиште во селото Дедебалци, составен дел на истоименото училиште во селото Добрушево.[1]
Училиштето е именувано по македонските преродбеници и писатели Браќа Миладиновци.
Remove ads
Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа на влезот од селото, некаде на половина пат помеѓу селата Дедебалци и Далбеговци.
Историја
Во текот на 2016 година училиштето било делумно обновено. Во тој зафат биле обновени дограмите, подовите и училишниот ходник.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[1]
Учениците од подрачното училиште во Трап-Будаково подоцна доаѓаат да посетуваат настава во училиштето во Дедебалци.[1]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads