ОУ „Видое Подгорец“ - Колешино
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Видое Подгорец“ (во минатото: Основно училиште „Григор Прличев“; официјално: Основно општинско училиште „Видое Подгорец“ - Колешино; скратено: ООУ „Видое Подгорец“) — централно основно училиште во струмичкото село Колешино, Општина Ново Село.[1]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Видое Подгорец“.
Училиштето е именувано по еден од најплодните македонски писатели Видое Подгорец.
Remove ads
Историја
Училиштето започнало со настава во 1951 година, и тоа под името ЦОУ „Григор Прличев“.
Сегашната училишна зграда била изградена во 1969 година. Училиштето било реконструирано во април 2006 година, со донација на Норвешка и владата на Македонија. Во јуни 2006 година се вградило и парно греење со средства од Министерството за образование и Секторот за евроинтеграции при Владата на Македонија. Во јули 2006 година, училиштето го променило името во Видое Подгорец, во чест на големиот македонски писател, роден во Колешино.
Remove ads
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Видое Подгорец“ - Мокриево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Видое Подгорец“ - Мокрино, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads