Колешино

село во Општина Ново Село From Wikipedia, the free encyclopedia

Колешиноmap
Remove ads

Колешино — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.

Thumb
Улица во селото
Thumb
Дом на културата
Thumb
ОУ „Видое Подгорец“
Thumb
Црква „Св. Спас“
Thumb
Евангелско-методистичка црква
Thumb
Колешински Водопад
Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Колешино се наоѓа на југоисточниот дел од Македонија, во близина на границата на Грција и Бугарија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 19 километри. Селото е познато по својот живописен Колешински Водопад, формиран на реката Баба и висок 19,5 метри.

Историја

Легенди за името

Постојат две легенди околу името на селото. Според првата селото своето име го добило по Беласичката битка од 1014 година помеѓу силите на Цар Самуил и византискиот цар Василиј II, кога во страшен колеж загинале голем број македонски војници. Во чест на тоа, среде село е поставена табла со легендата за настанокот на името Колешино. Втората легенда е дека името е добиено по овчарот Коле, кој прв се доселил на местото каде денес се наоѓа селото. Имено, луѓето кога поминувале покрај бачилото на Коле викале: „Ова е Колешино“ (бачилото на Коле).

Отоманско Царство

Според кажувањата на постарите жители на ова место, селото првин било сместено 500 метри појужно во месноста Лееште (Леши) и се викало Спаса. Потоа луѓето се преселиле во месноста Морлада, кога селото почнало да се вика Колешино, па дури отпосле се населиле на местото каде што и ден денес живеат. Кањонот пак, на реката Баба е познат по случка од минатото, кога 16 калуѓери соочени со опасноста да бидат фатени од непријателот, ставиле марамчиња на очите и се фрлиле во бездната.

Селото првпат се споменува во пишаните извори во пописот од 1519 година, кога имало дваесет христијански семејства и само едно муслиманско. Колешино и во текот на целиот период од османлиското владеење во Македонија, останало со чисто христијанско население.

Југославија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.

Remove ads

Стопанство

Земјоделство и градинарство

Најзастапена стопанска гранка во селото Колешино е земјоделството особено одгледувањето на градинарски култури и ран зеленчук по што е позната и целата струмичка котлина. Се одгледуваат пиперки: зелена и црвена ајварка, домати, зелка, морков, краставици како и кикиритки, исто така препознатливи за Струмичко. Во голема мера е застапено и одгледувањето на лубеници, дињи и тикви. Од житата се сеат пченица, пченка и овес.

Thumb
Нива со кикиритки близу Колешино
Thumb
Овоштарник со јаболкови дрвја во Колешино, Македонија

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кулешино живееле 660 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Колешино имало 768 Македонци, патријаршисти и 16 протестанти.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 845 жители, од кои 838 Македонци, 3 Срби и 4 останати.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 632 жители, од кои 609 Македонци, 1 Србин, 4 останати и 18 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Remove ads

Општествени установи

Селото е познато по тоа што во него има цркви на четири различни вероисповеди: православната црква „Св. Спас“ (посетена од 160 семејства); евангелско-методистичка (60 семејства); адвентистичка (15 семејства) и црква на Јеховините сведоци (10 семејства).

Во селото се наоѓа и Основното училиште „Видое Подгорец“, кое го носи името на македонскиот писател Видое Подгорец кој е роден во ова место. Училиштето во 2010-тите било реновирано, со што се создале услови за следење на наставата.

Во селото се наоѓа чешмата Даревица која била изградена во 1939 година. Составен дел на селото се и Домот на културата, филтер станицата, канализациската мрежа.

Remove ads

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1777 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 765 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости

Недалеку од Општина Ново Село се наоѓа мотелот Подгорски Ан.

На неколку километри од селото Колешино се наоѓа хотелот Цар Самоил.

Редовни настани

  • НовоФест -годишен фестивал на Колешинскиот Водопад
  • Групни венчавки на Колешинскиот Водопад

Личности

  • Видое Подгорец (1934 - 1997), македонски писател
  • Вилма Трајковска - поранешна Прва дама на Македонија, сопруга на починатиот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и активист во невладиниот сектор.
  • Панделис Папајоану (? - 1907), грчки андартски капетан
  • Хараламбос Буфидис Козарис (1880- ?) — грчки револуционер, член на грчката вооружена пропаганда во Македонија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads