ОУ „Герас Цунев“ - Просениково
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Герас Цунев“ (официјално: Основно општинско училиште „Герас Цунев“ - Просениково; скратено: ООУ „Герас Цунев“ - Просениково) — централно основно училиште во струмичкото село Просениково, Општина Струмица.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Герас Цунев.
Remove ads
Местоположба
Училиштето се наоѓа помеѓу населените места Просениково и Пиперево, на оддалеченост од 4,5 километри североисточно од Струмица, поврзани со локален пат за магистралниот пат Струмица-Валандово и Струмица-Штип.
Историја
Училиштето било основано во 1953 година. Во состав на училиштето работеле шест подрачни училишта со над илјада ученици. Со децентрализацијата две училишта припаднале на Општина Босилово, а четири на Општина Василево.
Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик и е организирана во две смени и тоа прва смена со почеток од 7:30 часот, втора смена со почеток од 13:30 часот.
Настава
Наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Познати личности кои учеле во ова училиште
- Запро Запров (р. 1947) - македонски диригент и универзитетски професор
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads