ОУ „Гоце Делчев“ - Василево
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Василево; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во струмичкото село Василево, Општина Василево.[1]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Гоце Делчев“.
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Remove ads
Историја
Училишниот објект бил изграден во 1957 година, додека во 1966 година бил надограден. Самото училиште било основано во 1959 година.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Гоце Делчев“ - Ангелци, подрачно петгодишно училиште на македонски и на турски наставен јазик;
- ПУ „Гоце Делчев“ - Владиевци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Гоце Делчев“ - Дукатино, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Гоце Делчев“ - Едрениково, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Гоце Делчев“ - Радичево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Гоце Делчев“ - Седларци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Гоце Делчев“ - Сушево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Remove ads
Галерија
- Поглед кон училиштето
- Спортска сала
- Игралиште
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads