Василево

село во Општина Василево From Wikipedia, the free encyclopedia

Василевоmap
Remove ads

Василево — село и седиште на истоимената Општина Василево, на патот меѓу Струмица и Штип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Зградата на седиштето на Општина Василево
Thumb
Дом на културата
Thumb
Детски парк
Thumb
Детска градинка „Прва радост“
Thumb
Училиште „Гоце Делчев“
Thumb
Црквата Црква „Успение на Пресвета Богородица“
Thumb
Црквата „Св. Петка“

Подрачјето на Општина Василево се наоѓа во северозападниот дел на големата Струмичка Котлина, на природна патна комуникација Беломорие - Централен Балкан. Од главниот магистрален пат Струмица - Штип има мали разигнувања на исток и на запад. Околните планини Огражден, Еленица, Плавуш и Беласица имаат стратешко значење, кое убедливо ги потврдуваат историските настани во подалечното и поблиското минато, како и археолошките наоди во подрачјето на денешната Општина Василево.

Според географската положба, живописната и подородната Струмичка Котлина, во која се наоѓаат и населените места од Општина Василево, го зафаќа најјугоисточниот дел од Република Македонија, допирајќи на југ и на исток до државните граници со Грција и Бугарија. Котлината е заградена со планинските венци на Беласица, Огражден, Готен, Еленица и Плавуш, кои, всушност, ја дефинираат големата Струмичка област. Еден красноречив патописец, кој ја посетил Струмичката регија во 1921 година, меѓу другото, ќе запише: „Струмичката котлина, несомнено, е најпитомата, најплодородната и најживописната котлина во Македонија. Наедно, таа е и една од најгусто населените области во оваа земја...“

Надморската височина во селото е 208 метри додека селото зафаќа површина од 7,6 км2. Од нив, 630,3 хектари се обработливо земјиште, 48,9 хектари се пасишта [2]

Remove ads

Историја

Отоманско Царство

Кон крајот на XIX век, како крупен чифлик-сајбија во селото се споменува Назлам-бег, чиј син за кратко време бил заробен од една македонска чета, водена од Гоце Делчев. Тој го држел како свој чифлиг селото Василево[3]. Кон 1866 година во селото било отворено првото училиште, додека кон 1895 година бил формиран месен комитет на ТМОРО[3].

Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 80 семејства и 298 жители Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 275 жители Македонци[4][6].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 224 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 24 Роми. Во селото функционирало и училиште[4][7].

По започнувањето на Балканските војни, од селото 4 лица биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[8]

Југославија

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во текот на Втората светска војна, партиската организација започнала со агитирање низ населението во Василево, за вклучување во редовите на партизаните, здобивајќи се со повеќемина симпатизери од селата. Веќе во почетокот на септември 1944 година бил формиран општински народноослободителен одбор[3]. По крајот на Втората светска војна, Василево било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Remove ads

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци и 25 до 50 Турци.[9]

На пописот од 2002 година, селото имало 2.174 жители и 550 домаќинства.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Василево има 2.175 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 1.450
Албанци 0
Турци 352
Роми 21
Власи 0
Срби 2
Бошњаци 0
Други 350

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]

Повеќе информации Година, Македонци ...

Институции и знаменитости

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1800, 1800/1 и 1801 според Државната изборна комисија, сместени во месната заедница и основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.034 гласачи.[12]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.082 гласачи.[13]

Личности

  • Ефтим Јуруков, роден во 1873 година, член на ВМОРО
  • Арсо Кујумџиев, член на ВМОРО, градоначалник на Василево

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads