ОУ „Гоце Делчев“ - Штип
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Штип; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во градот Штип, Општина Штип.[1]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Гоце Делчев“.
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Remove ads
Историја
Училиштето било изградено во 1966 година.[2]
Најпрвин го носело името „Маршал Тито“, но непосредно по започнувањето со настава го добиле името „Јосип Броз Тито“. Потоа, било преименувано во „25 Мај“, за на крај да го добие денешното име.
При започнувањето со работа на училиштето, овде биле префрлени ученици и наставници од „Тошо Арсов“ и „Моша Пијаде“.
Претходно, училиштето имало подрачно училиште во село Брест.
- Директори
- Ѓорги Зигов (1966-1971)
- в.д. Александар Петров (1971-1972)
- Војслава Кадифкова (1972-1976)
- Борислав Дрмов (1977-1983)
- в.д. Михаил Протогеров (1982-1983)
- Вангел Христовски (1983-1991)
- в.д. Андре Берков (1991-1993)
- Вангел Христовски (1993-2002)
- в.д. Трајко Манев (2002-2003)
- в.д. Милан Васиќ (2003)
- Донче Стојанов (2003-2009)
- Васил Николов (2009-2014)
- Елена Ташкова (2014-2018)
- Трајче Димов (2018-2022)
- Зоран Митев (2022-денес)
Remove ads
Настава
Во училиштето наставата се изведува на турски и македонски наставен јазик.
Училиштето во моментот има 39 паралелки и 1 комбинирана паралелка во селото Шашаварлија.[3]
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Гоце Делчев“ - Три Чешми, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Гоце Делчев“ - Шашаварлија, подрачно петгодишно училиште на турски наставен јазик.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
