Шашаварлија

село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia

Шашаварлијаmap
Remove ads

Шашаварлија — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Thumb
Воздушен поглед на селото

Името доаѓа од редупликација на Шаварлија (Шаварли) што пак се поврзува со растението шавар.[2]

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во северниот дел на Општина Штип, во изворишното сливно подрачје на реката Отиња, чиј атар на еден многу мал дел се допира со подрачјето на Општина Карбинци.[3] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 740 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 11 километри.[3]

Селото е сместено во областа Јуруклак, во западните падини на планината Плачковица. Атарот на селото Шашаварлија се граничи со атарите на селата: на југ со Чифлик, на запад со Калапетровци, на северозапад со Мал Габер, на север со Никоман и на југоисток со селата Ново Село и Липов Дол.

До селото води асфалтиран пат, кој започнува од градот Штип.

Remove ads

Историја

Подрачјето на Шашаварлија е населено барем од доцноантичко време, за што сведочат остатоци на населба на наоѓалиштето Чепрево.[4]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 17,3 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 830 хектари, на шумите отпаѓаат 630 хектари, а на обработливото земјиште 210 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шашаварлија живееле 730 жители, сите Турци.[5]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година селото имало 541 жител, сите Турци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Турци.[7]

Селото е мало, коешто во 1961 година имало 286 жители, од кои 219 биле Македонци, а 58 жители Турци. Во 1994 година, бројот се намалил на 126 жители, од кои 85 биле Турци, а 41 жител Македонец.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 108 жители, од кои 23 Македонци и 85 Турци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 79 жители, од кои 10 Македонци, 1 Албанец, 67 Турци и 1 лице без податоци.[9]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Шашаварлија:

Повеќе информации Година, Македонци ...

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Шашаварлија било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Шашаварлија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија и Радање. Селото било седиште на Општина Шашаварлија во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Калапетровци, Кошево, Никоман, Почивало и Шашаварлија.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2313 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Калапетровци.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 90 гласачи.[11] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 94 гласачи.[12]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[4]
  • Чепрево — населба од доцноантичко време
Цркви
Џамии

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads