ОУ „Кирил и Методиј“ - Тетово
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Кирил и Методиј“ - Тетово; скратено: ООУ „Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во градот Тетово, Општина Тетово.[1]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Кирил и Методиј“.
Училиштето е именувано по словенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Remove ads
Историја
Училиштето било основано во 1988 година од Општина Тетово како училиште каде што учениците ќе ce здобијат co основнo образование на два јазика: македонски и албански јазик.
ОУ „Кирил и Методиј“ е централно училиште, во склоп на која е и подрачното училиште во цело Фалише.
ОУ „Кирил и Методиј“ се наоѓа во триаголникот на улиците „Благоја Тоска“, „Видое Смилевски-Бато“ и „Илинденска“, дел од градот Тетово на територијата на месната заедница „Тетекс“. Месната заедница „Тетекс“ е со мултиетнички состав: Албанци, Македонци, Роми и други.
Вкупниот број на учениците достигнува 840 ученици во 35 паралелки, од кои 27 на албански и 8 на македонски јазик. Училиштето работи во две смени.
Remove ads
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште:
- ПУ „Кирил и Методиј“ - Фалише, подрачно училиште.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads