ОУ „Коле Канински“ - Битола

основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „Коле Канински“ - Битола
Remove ads

Основно училиште „Коле Канински“ (официјално: Основно општинско училиште „Коле Канински“ - Битола; скратено: Коле Канински“) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.[1]

Кратки факти Коле Канински ...

Училиштето е именувано по македонскиот партизан Коле Канински.

Remove ads

Историја

Училиштето било отворено како четиригодишно во 1944-1945 година, а било именувано по паднатиот борец за Македонија, Коле Канински од селото Канино.

Најпрвин наставата се изведувала во стара училишна зграда, сместена на левата страна од реката Курдерес во близина на Камениот мост.

Со зголемувањето на бројот на ученици, во учебната година 1960/61 училиштето прераснало во осумгодишно и се вселило во нова зграда на улицата „Бранко Радичевиќ“. Истата година кон него било припоено и четиригодишното училиште од селото Поешево.

Во 1967 година, кон него било припоено и училиштето во селото Буково, во кое имало осумгодишна настава, заедно со четиригодишното училиште во селото Крстоар, кое престанало со работа во учебната 2004/05 година. Во учебната 1982/83, училиштето добило уште едно подрачно училиште во населбата Буковски Ливади.

Remove ads

Градба

Училишната зграда има простор од 1634 м², а вкупната расположива површина е 4026 м². Училниците се класично опремени и училиштето располага со скромен фонд на нагледни средства.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:

Освоени награди

  • 2008 — најдобар спортски колектив меѓу основните училишта[2]
  • 2012 — најдобро основно училиште во севкупниот пласман на „Ноќна атлетска трка“ по повод „4 Ноември“[3]
  • 2014 — трето место на Државно првенство во футсал-женски[4]

Познати личности кои учеле во ова училиште

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads