Коле Канински

From Wikipedia, the free encyclopedia

Коле Канински
Remove ads

Никола Тодоровски (попознат како Коле Канински) (село Канино, Битолско, 18 јануари 1914 - село Буринец, Струшко, 22 јули 1944) — македонски комунист, учесник во НОВ.

Thumb
Биста на Коле Канински пред Судот во Битола

Животопис

Thumb
Споменикот на местото на кое загинал Коле Канински, заедно со други борци во 1944 година на патот помеѓу селата Буринец и Локов

По професија бил правник. Основното и средното образование ги заврши во Битола. Во октомври 1933 г. заминал на студии по право во Белград. Тука се истакнал со делувањето во прогресивното комунистичко движење. Стана член на КПЈ во 1936 г. По завршувањето на факултетот во 1938 г. се врати во Битола и продолжил со својот политички ангажман. Во 1940 г. стана член на Месниот комитет на КПЈ во Битола.

По окупацијата на Македонија во Втората светска војна, во септември 1941 г. станал член на првиот битолски месен воен штаб. Поради својата револуционерна активност во време на окупацијата неколкупати бил затворен. Во есента 1942 се приклучил на партизанските единици. Во април 1943 г. стана началник на штабот на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. По формирањето на Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ на 20 мај 1943 г. станал негов командант. Подоцна бил именуван за политички комесар на Вториот баталјон на Третата оперативна зона, познат и како Битолско-мариовски баталјон на Втората македонска бригада. Бил избран за делегат на Првото заседание на АСНОМ. Загинал како политички комесар на Првата македонско-косовска ударна бригада, во несреќен случај на 22 јули 1944 г., при испробувањето на минофрлач кај селото Буринец на планината Караорман,[1] заедно со Трифун Пановски и и уште тројца нивни соборци.

Во негова чест, едно од основните училишта во Битола го носи неговото име.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads