ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Оризари

осново училиште во Оризари, Кочанско From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Оризари
Remove ads

Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Оризари; скратено: ООУ „Крсте Петков Мисирков“) — централно основно училиште во селото Оризари, Општина Кочани.[2]

Кратки факти Крсте Петков Мисирков ...

Училиштето е именувано по македонскиот филолог Крсте Петков Мисирков.

Во состав на училиштето работи едно подрачно училиште во Прибачево, каде се одвива настава во една комбинирана паралелка.[3]

Remove ads

Историја

Училиштето прв пат почнало со работа во далечната 1912 година, во склоп на егзархиската гимназија во Кочани и до 1944 година наставата наизменично се менувала на бугарски (1912-1913, 1915-1918, 1941-1944) и српски јазик (1913-1915, 1918-1941). Низ историјата училиштето неколку пати го менувало името и тоа „Даме Груев“, „Св. Климент Охридски“ и од 1945 година го носело името „Маршал Тито“ сѐ до 1993 година кога по иницијатива на Министерството за образование, училиштето го добило името „Крсте Петков Мисирков“.[3]

Во 2015 година била изградена училишната спортска сала. Салата била дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали“ на Министерството за образование и наука, финансиран од Владата на Република Македонија.[4]

Досегашни директори

  • Соња Иванова (13 јуни 2018-)[5]
Remove ads

Особености

Во училиштето во Оризари има 11 универзални училници, 1 кабинет по техничко образование, 1 кабинет по информатика, 1 кабинет по музичко образование, 2 специјализирани училници за прво одделение, библиотека како и простор за наставни средства и помагала.[3] Спортската сала е од површина од 1,250 м2.[6] Има кабинети, гардероби и 500 седишта во публиката.[7]

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште:

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads