ОУ „Светозар Марковиќ“ - Старо Нагоричане

основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „Светозар Марковиќ“ - Старо Нагоричане
Remove ads

Основно училиште „Светозар Марковиќ“ (официјално: Основно општинско училиште „Светозар Марковиќ“ - Старо Нагоричане; скратено: ООУ „Светозар Марковиќ“) — централно основно училиште во селото Старо Нагоричане, едно од трите основни училиште во Општина Старо Нагоричане.[1]

Кратки факти Светозар Марковиќ ...

Училиштето е именувано по српскиот публицист, социјалист и политичар Светозар Марковиќ.

Remove ads

Местоположба

Училиштето се наоѓа на влезот во селото Старо Нагоричане.

Историја

Училиштето било изградено во 1924 година. Материјалот за изградба на училиштето го обезбедил кралот Александар Караѓорѓевиќ, како и мештаните на селото. Првите ученици во новата зграда биле запишани во 1924/1925 година. Во таа училишна година во училиштето учеле 192 ученици. Во периодот од 1931 до 1935 година, број на учениците се движел од 200 до 230 ученици. Во училишната 1964/1965 година училиштето добило нова зграда во која наставата се изведува и денес, а во таа училишна година во училиштето биле запишани 307 ученици. Денес ова е единствено училиште во Македонија во кое наставата целосно се изведува на српски јазик. Училиштето секоја година го прославува Свети Сава, националниот празник на Србите во Македонија Савинден како училишна слава.

Remove ads

Настава

Во основното училиште, наставата се изведува на македонски и српски јазик.[2]

Подрачни училишта

Во рамките на општинското основно училиште „Светозар Марковиќ“ се наоѓаат и две подрачни основни училишта од прво до петто одделение, а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во селото Старо Нагоричане. Овие училишта се:

  1. Подрачно основно училиште „Светозар Марковиќ“ во село Алгуња
  2. Подрачно основно училиште „Светозар Марковиќ“ во село Никуљане

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads