ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Кочани

основно училиште во Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Кочани
Remove ads

Основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ - Кочани; скратено: ООУ „Свети Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во градот Кочани, Општина Кочани.[1]

Кратки факти Свети Кирил и Методиј ...

Училиштето е именувано по словенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Во склоп на матичното училиште работат и две подрачни училишта во Горни Подлог и во Бели.[2]

Remove ads

Историја

Училишната зграда била изградена во 1970 година, чиј архитект бил Радомир Лаловиќ.[3] Според изворите на самото училиште и Општина Кочани, зградата била изградена во 1974 година.[2][4]

Училишната зграда првично била наменета за ОУ „Моша Пијаде“.[5][6] Во 1983 година, „Моша Пијаде“ се преселило во зградата.[7]

Со препорака на Извршниот совет на Општина Кочани, тогашниот ОСИЗ за основно образование и воспитание од овој град, била донесена одлука за создавање на ново посебно училиште (ОУ „Кирил и Методиј“) од постојното „Моша Пијаде”.[7] Училиштето било основано од страна на Општина Кочани, и установата била верифицирана со Решението 13 – 6487 од 20 декември 1985 година, од страна на Секретаријат за општествени дејности на ИС на СО Кочани.[4]

Според интегралната евалуација направена во ноември 2019 година, училиштето имало 969 ученици од кои 483 биле машки, а 486 биле женски. 63 лица биле наставници.[8]

Во периодот помеѓу годините 2020 до 2022 година, училиштето имало 36 паралелки.[4]

Досегашни директори

  • Даниел Кралев[9]
Remove ads

Особености

Внатрешната површина на училиштето е 3.740 м2. Дворот зафаќа 3.145 м2. Спортските терени и игралишта зафаќаат 800 м2.[4]

Архитектура на училишната зграда

Обликувањето на градбата е образувано павилјонски, со така наречени гроздови со интегрирани празници – пација, кои се поврзани со линиски коридори. Средишното место во комплексот и го зазема алулата со нејзината повеќефункционална намена и кружење. Како расчленети функции, но со исто формално обликување се јавуваат училниците за 7-10 години, училниците за 11-14 години, техничките училници над аулата на кат и спортската сала.[3]

Конструкцијата и фасадната обработка е од изложен (натур) армиран бетон, со керамидна покривна покривка која му дава посмирена однос и пристап со околината. Првичната зелена дрвена браварија е заменета со бели ПВЦ прозорци.[3]

Remove ads

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads