ОУ „Страшо Пинџур“ - Карбинци
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Карбинци; скратено: ООУ „Страшо Пинџур“) — централно основно училиште во штипското село Карбинци, Општина Карбинци.[1] Училиштето се наоѓа надвор од самото село, заедно со сите останати административни градби.
За други значења на поимот, погл. ОУ „Страшо Пинџур“.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Страшо Пинџур.
Remove ads
Местоположба
Училиштето се наоѓа во непосредна близина на реката Брегалница, покрај селото Карбинци. Сместено е веднаш до самата општинска зграда. [2]
Историја
Од кажувања на мештаните се дознава дека почетоците на училиштето се од турско време. Повеќе пати го менувало своето име, но не се документирани тие промени. По стекнувањето на независноста, училиштето го добило денешното име.[2]
Услови
Во 2010 година училиштето било комплетно реновирано со помош на УСАИД и Министерството за Образование на Македонија. Старата училишна зграда била преадаптирана за кабинетска настава и медиотека.[3]
Настава
Во училиштето наставата се изведува на турски и на македонски наставен јазик.[2]
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[2]
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Караорман, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Таринци, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Долни Балван, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Крупиште, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Радање, подрачно училиште на македонски и на турски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Калаузлија, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Прналија, подрачно училиште на турски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Кучица, подрачно училиште на турски наставен јазик; и
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Оџалија, подрачно училиште на турски наставен јазик.
Remove ads
Галерија
- Влезот
- Фудбалското игралиште
- Поглед на училиштето
- Управен објект
- Старото училиште
- Влезот во управниот објект
- Табла со името на училиштето
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads