ОУ „Шемшево“ - Шемшево
основно училиште во селото From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Шемшево“ (во минатото Основно училиште „Даме Груев“; официјално: Основно општинско училиште „Шемшево - Шемшево“; скратено: ООУ „Шемшево“) — централно основно училиште во тетовското село Шемшево, Општина Јегуновце.[1][2]
Името на училиштето е според името на селото Шемшево.
Remove ads
Историја
Училиштето е основано во 1945 година, со одлука на Околискиот одбор на Општина Тетово.
Од самото создавање училиштето го носело името на македонскиот револуционер Даме Груев. После конфликтот во 2001 година, локалните Албанци донесуваат одлука училиштето да го носи името на Албанецот Јумни Јонузи. Ваквата одлука донела до бојкот од страна на Македонците и на крај било решено училиштето да го носи името на селото Шемшево.[3]
Во училишниот двор се наоѓа биста на Јумни Јонузи, која во 2002 година била поставена без никаква дозвола. Мештаните се заканувале дека ќе настапат инциденти, доколку дојде до нејзино уривање.[4] Бистата никогаш не била срушена.
Remove ads
Настава
Во училиштето наставата се изведува на албански и македонски наставен јазик.
Училиштето располага со кабинет по информатика опремен со нови компјутери, спортски игралишта и спортска сала.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Шемшево“ - Жилче, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Шемшево“ - Копанце, подрачно училиште на албански наставен јазик;
- ПУ „Шемшево“ - Прељубиште, подрачно училиште на македонски и албански наставен јазик;
- ПУ „Шемшево“ - Ратае, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Шемшево“ - Сиричино, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Шемшево“ - Туденце, подрачно училиште на македонски наставен јазик.
Во основното училиште во Жилче се образуваат ученици во девет одделенија на македонски наставен јазик, додека во основното училиште во Шемшево се одвива деветгодишна настава на албански наставен јазик.
Галерија
- Зградата на училиштето во 2012 г.
- Спортската сала
- Дел од училиштето
- Биста на Јумни Јонузи
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads