Овелгене

From Wikipedia, the free encyclopedia

Овелгенеmap
Remove ads

Овелгене (германски: Ovelgönne) — општина во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 27 километри североисточно од Олденбург и 40 километри северозападно од Бремен.

Кратки факти Земја, Местоположба на Овелгене во рамките на округот Везермарш ...

Со површина од над 120 квадратни километри, Овелгене е втора најголема општина во округот Везермарш. Поради своето развиено земјоделие, општината е нарекувана „зеленото срце на Везермарш“. Административното седиште на општината е во местото Олденброк-Мителорт, иако е именувана по селото Овелгене.

Remove ads

Географија

Местоположба

Овелгене се наоѓа во просторот помеѓу градовите Бремен, Олденбург, Вилхелмсхафен и Бремерхафен. Окружниот град Браке од средиштето на Олденброк-Мителорт е оддалечен шест километри.

Соседни општини

Овелгене се наоѓа во средишниот дел на округот Везермарш и се граничи на северозапад со општината Јаде, на север со општината Штадланд, на исток со градот Браке и на југ со градот Елсфлет (сите во округот Везермарш). На југозапад се граничи со општината Раштеде од округот Амерланд.

Општински единици

Општината Овелгене се состои од следниве места:

  • Гросенмер
  • Олденброк
  • Штрикхаузен
  • Овелгене

Административното седиште на општината е во Олденброк.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads