Штадланд

From Wikipedia, the free encyclopedia

Штадланд
Remove ads

Штадланд (германски: Stadland) — општина во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на левиот брег на реката Везер, околу 32 километри североисточно од Олденбург и 42 километри северозападно од Бремен. На запад се граничи со Јадскиот Залив. Административното седиште е во селото Роденкирхен.

Кратки факти Земја, Местоположба на Штадланд во рамките на округот Везермарш ...
Remove ads

Географија

Местоположба

Општината Штадланд ја зафаќа површината на некогашната историска област Штадланд. Заедно со областа Бутјадинген претставува полуостров помеѓу Везер и Јадскиот Залив и е една од најрамните области во Германија со височина помеѓу 1,2 и 0,8 метри надморска височина.

Соседни општини

Општината Штадланд се граничи на северозапад со општината Бутјадинген и на североисток со градот Норденхам. На исток се граничи со Долен Везер, а на запад со Јадскиот Залив. На југоисток се наоѓа градот Браке, на југ со општината Овелгене и на југозапад со општината Јаде. Сите општини припаѓаат на округот Везермарш.

Општински единици

Општината се состои од местата Роденкирхен, Швај, Зефелд и Клајнензил.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads