Браке (Долен Везер)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Браке (Долен Везер)map
Remove ads

Браке (германски: Brake; долногермански: Braak) — град и административно седиште на округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Браке во рамките на округот Везермарш ...
Remove ads

Географија

Местоположба

Браке се наоѓа во средиштето помеѓу градовите Бремерхафен, Бремен, Олденбург и Вилхелмсхафен непосредно на западниот брег на реката Везер. На север се граничи со општината Штадланд, на југ со градот Елсфлет и на запад со општината Овелгене. Градот е опкружен од мочуришта.

Градски единици

Градското подрачје на Браке е поделено на 11 градски единици:

  • Шмаленфлет (на север)
  • Бојтварден, Клипкане (северно од градското јадро, западно од пристаништето)
  • Харин (како историско средиште)
  • Харирвурп, Хамелвардер Аусендајх, Нордерфелд и Зидерфелд (на запад)
  • Кирххамелварден (Хамелварден и Кезебург (на југ))
Remove ads

Историја

Терминот „Браке“ првпат се појавил во XIV век, кога необезбеден насип довел до поплава во областа Харир. До XVII век, „Браке“ бил почесто користен како име на местото, отколку како опис за настанот од минатото. Оттаму доаѓаат имињата Бракзил и Харирбраке.

Во 1731 година, старата Фишерхаус (Fischerhaus), најстарата куќа во Браке, била подигната. Во 1756 година, Браке бил првпат запишан во документите како пристаништен град. Во текот на XIX век, Браке станал важен индустриски центар за бродоградба и пристанишните објекти долж Везер биле проширени. Во 1814 година, во Браке бил основан амт. Во 1835 година, Браке бил прогласен за слободно пристанише. Во 1846 година бил поставен телеграф за бродски вести помеѓу Бремен и Бремерхафен. Во периодот 1848–52, Браке била прва база на германската царска флота под водство на адмиралот Карл Рудолф Броми.

На 1 мај 1856 година, Браке добил градски права и истовремено Голцварден и Хамелварден станале општини (од 1913 година делови на градот Браке). Во 1861 година, речното пристаниште започнало со работа. Во 1873 година, Браке бил поврзан на железничката мрежа. Во 1892 година бил изграден кеј.

Во 1960 година бил отворен бродски музеј. Во 1972 година бил отворен културен и спортски центар со градскиот базен.

Во 2006 година, Браке ја прогласил својата 150-годишнина како град.

Remove ads

Политика

Градски совет

Градскиот совет се состои од 30 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 10.001 и 15.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:

Повеќе информации Партија, Удел ...

Градоначалник

На последните избори за градоначалник на 15 јуни 2014 година бил избран Михаел Курц (SPD).

Збратимени градови

Од 5 мај 2006 година постои партнерство со градот Цвизел во Баварија.

Знаменитости

Најголема знаменитост на Браке „Телеграф“, изградена кула во 1846 година под водство на војводата Паул Фридрих Аугуст од Олденбург како дел од оптичката телеграфска линија помеѓу Бремен и Бремерхафен. Од 1960 година, седиштето на бродскиот музеј е сместено во кулата „Телеграф“.

Познати луѓе

  • Карл Рудолф Броми (1804–1860) — адмирал
  • Арп Шнитгер (1648–1719) — произведувач на оргули
  • Георг фон дер Вринг (1889–1968) — сликар
  • Герд Ахгелис (1908–1991) —,авијатичар
  • Димо Вахе (р. 1973) — фудбалер
  • Паул Браке (р. 1970) — уметник и фотограф

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads