Олга Мицеска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Олга Мицеска
Remove ads

Олга Мицева Софеска (некаде се сретнува како Олга Мицеска) ( 1926 во Кичево1 октомври 1943 на Буковиќ, Кичевско) — македонска партизанка, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Thumb
Биста на Олга Мицевска (Софеска) во градот Кичево.
Кратки факти Родена, Починала ...
Remove ads

Животопис

Thumb
Олга на терасата на митингот во слободно Кичево - 26 септември 1943 година.

Откако го завршила основното училиште, Олга го изучила шивачкиот занает во Женската занаетчиска школа. Како младинка, имала можност да се запознае со напредното движење така што во текот на пролетта 1942 година, станала член на СКОЈ, а истата година била примена за член на КПЈ. Иако имала само 16 години, Олга била доста активна во работата меѓу младината, а особено со жените. Организирала разни кружоци и собири каде се разработувале партиски материјали. Како резултат на таа активност, заедно со своите другарки, го организирала штрајкот на жените во 1942 година кога со демонстрации барале леб и вработување и протестирале против апсењата што ги правел окупаторот. Тој револуционерен дух кај Олга продолжил ѝ во пролетта 1943 година кога заминала партизанка во Базата во Лопушник каде се формирал Првиот Кичевско-мавровски партизански одред. Во Одредот важела за храбар борец и добра другарка. Учествувала во борбите кај селото Сливово, во нападот на Карабинерската станица, палењето на Општината во селото Брждани, кинењето на телефонските врски на Јама и други акции. Се истакнала и во борбите кај селото Карбуница. Младата партизанка Олга, на чело на Кичевскиот одред, победоносно влегла на 11 септември во Кичево кое штотуку било напуштено од италијанскиот окупатор по капитулацијата на фашистичка Италија. Во слободно Кичево се вкучила во акциите што ги преземала новата народна власт, а на митингот организиран во слободно Кичево, од балконот, од каде што зборувал Светозар Вукмановиќ-Темпо, упатила апел до младината и жените за поголема активност во НОВ. Младата Олга заминала со четата на Мирко Милески како претстража на слободната територија на планинскиот превој Буковиќ. На 1 октомври 1943 година, во нерамна борба со германците и балистите, Олга во улога на командир на одделение, загинала храбро борејќи сè до последниот здив. Откако ја убиле, балистите го масакрирале нејзиното тело.[1]

Thumb
Поглед кон споменикот посветен на Олга (Софеска) Мицеска
Remove ads

Во нејзина чест

Во нејзина чест бил направен монументален споменик на девојка која ја означува слободата, а всушност ја претставувал токму неа. Споменикот бил оценет како неморален и срушен во 60-тите години.[2]

Во градот Кичево, со нејзиното име се именувани една улица[3] како и една градинка.[4]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads