Оливер Спасовски
македонски политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Оливер Спасовски (21 октомври 1976 во Куманово) — македонски политичар. Бил технички премиер на Македонија од 3 јануари 2020 по изборот на новата техничка влада. Функцијата министер за внатрешни работи ја извршувал во два кратки периода. На функција стапил на 2 септември 2016 година до 12 декември 2016. Претходно, во периодот од 11 ноември 2015 до 19 мај 2016 ја извршувал истата функција, по договорот од Пржино.[1] Оливер повторно стапува на должност како министер за внатрешни работи на Македонија на 1 јуни 2017 година кога парламентарното мнозинство ја изгласа новата влада на чело со Зоран Заев. На 3 јануари 2020 е избран за нов технички премиер во предизборната влада.
Remove ads
Животопис
Оливер Спасовски е роден 1976 во Куманово. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Во 2000 година работел како адвокатски приправник. Од 2001 до 2005 година работел како советник на градоначалникот на Општина Куманово. Од 2008 до 2011 година бил секретар на Општина Куманово. Во два мандата е избиран за пратеник, на изборите во 2006 и во 2011 година. На парламентарните избори во 2016 година бил носител на листа во изборна единица 2, предводена од коалицијата на СДСМ.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads