Олимпијада (село)

село на Халкидик, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Олимпијада (село)map
Remove ads

Олимпијада (грчки: Ολυμπιάδα) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Олимпијада била дел од општина Стагира-Акант [2].

Кратки факти Олимпијада Ολυμπιάδα, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Олимпијада се наоѓа на 32 километри северно од градот Ерисово и на 90 километри источно од Солун, во југоисточниот дел на Халкидик, на Струмскиот Залив.

Историја

На околу километар од селото се наоѓаат урнатините на античка Стагира. На патот кон Стратони, во месноста Зепко која има одлична плажа, има откриена ранохристијанска базилика[3].

Селото било основано од бегалци кои пристигнале од село Агија Кирјаки во Турција во 1923 година. Поради тоа и главната црква во селото е посветена на Света Недела. Областа е заштитена од програмата Натура 2000.

Првично областа била мочуриште и населението страдало од маларија. Главно занимање на жителите е туризмот и риболовот. Во близина на селото се наоѓа и рудник.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads