Аристотел (општина)
општина во Халкидичкиот округ, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Аристотел (грчки: Δήμος Αριστοτέλη, Димос Аристотели) — општина на полуостровот Халкидик во Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е гратчето Ерисово (Јерисос). Општината е наречена по големиот филозоф Аристотел, кој е роден во ова подрачје. Територијата на општината во најголема мера се совпаѓа со она што традиционално се нарекува Лариговско (или Лериговско).
Remove ads
Населени места

Карта на населени места на Округот Халкидик
Општината Аристотел е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“.[1] со спојување на три стари општини: Леригово (Арнеја), Ревеник (Панагија) и Стагира-Акант. Денешната општинска единица Стагира-Акант е наречена по два древномакедонски града, од кои првиот е родно место на филозофот Аристотел.
Општинска единица Леригово
Општинската единица Леригово со седиште во Леригово (Арнеја) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Леригово

- село Леригово (Αρναία, Арнеја)
- Општински оддел Варвара
- село Варвара (Βαρβάρα)
- село Варварски Колиби (Καλύβια Βαρβάρας, Каливија Варварас)
- остров Кавканас (Καυκανάς)
- село Златен Брег (Χρυσή Ακτή, Хриси Акти) новосоздадено
- Општински оддел Ново Село
- село Ново Село (Νεοχώρι, Неохори)
- Општински оддел Паљухор
- село Паљухор (Παλαιοχώρι, Палеохори)
- Општински оддел Стано
- село Стано (Στανός, Станос)
Општинска единица Ревеник

Општинската единица Ревеник со седиште во Ревеник (Мегали Панагија) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Ревеник
- село Ревеник (Μεγάλη Παναγία, Мегали Панагија)
- Општински оддел Гомати
- Општински оддел Пиргадкија
- село Пиргадикија (Πυργαδίκια) новосоздадено
- село Свети Јован Претеча (Άγιος Ιωάννης Πρόδρομος, Агиос Јоанис Продромос) новосоздадено
- село Аса (Άσσα) новосоздадено
Општинска единица Стагира-Акант

Општинската единица Стагира-Акант со седиште во Ерисово (Јерисос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Ерисово
- град Ерисово (или Ерисо; Ιερισσός, Јерисос)
- село Гаврадија (Γαβράδια) новосоздадено
- село Кумица (Κουμίτσα)
- село Лимани (Λιμάνι)
- село Ксиропотамо (Ξηροπόταμο) новосоздадено
- Општински оддел Амолјани
- Општински оддел Метох Пирг
- село Метох Пирг (Ουρανούπολη) новосоздадено
- Општински оддел Провлака
- Општински оддел Олимпијада
- село Олимпијада (Ολυμπιάδα) новосоздадено
- Општински оддел Стагира
- село Казанџи Маала (Στάγιρα, Стагира)
- Општински оддел Стратони
- село Стратони (Στρατώνι) новосоздадено
- Општински оддел Стратоники
- село Извор (Στρατονίκη, Стратоники)
- остров Елевтера (Ελευθερόνησος, Елевтеронисос)
- село Крионери (Κρυονέρι) новосоздадено
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads