Стратони

From Wikipedia, the free encyclopedia

Стратониmap
Remove ads

Стратони (грчки: Στρατώνι) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Стратони бил дел од општина Стагира-Акант [2].

Кратки факти Стратони Στρατώνι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Стратони се наоѓа на 16 километри северно од градот Ерисово и на 111 километри источно од Солун, во југоисточниот дел на Халкидик, на северниот дел од полуостровот Света Гора, во подножјето на планината Пијавица (Стратонико).

Историја

Антички период

Човековата активност во регионот започнала околу 600 година п.н.е. Во близина на селото биле откриени наоди од римската епоха, од кои најважна е гробницата која датира од крајот на 1 век п.н.е., две статуи на маж и на жена, познатата „Госпоѓа од Стратони“, кои денеска се изложени во музејот во Полигеро. Археолошките ископувања од 1962 година покажале дека населбата била изградена на местото на античкиот Стратоники, град споменат од Клавдиј Птоломеј[3].

Северно од населбата во месноста Зепко која има одлична плажа, има откриено ранохристијанска базилика[4].

Отоманско Царство

Местото каде денеска се наоѓа селото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство. Појавата на населбата Стратони датира од крајот на XIX век и е тесно поврзана со рударството. Богатите рудни наоѓалишта, познати уште од антиката и византискиот период, се главен извор на богатството на селото. Стратони ја игра улогата на пристаниште на соседното село Извор (денес Стратоники).

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Во 1932 година селото претрпило големи штети од земјотресот во Ерисово[5][6], но во следните неколку години било речиси целосно обновено.

Remove ads

Демографија

За првпат селото се споменува на пописот од 1920 година, каде биле евидентирани 331 жител. Во 1928 година селото броело 756 жители, додека во 1940 година селото броело 778 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 1127 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1156 жители, во 1971 година имало 1257 жители, во 1981 година имало 1294 жители, додека во 1991 година имало 1421 жител[7]. Денеска, населението на селото е 1057 жители според пописот од 2011 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads