Олимпски Брег

туристичко село во Катеринско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Олимпски Брегmap
Remove ads

Олимпски Брег (грчки: Ολυμπιακή Ακτή, Олимпијаки Акти): до 1986 г. Катеринско Приморје (Παραθαλάσσια Κατερίνη, Параталасија Катерини) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Ова летувалиште за меѓународните туристи го носи и називот „Олимпик Бич“ (англиски: Olympic Beach).

Кратки факти Олимпски Брег Ολυμπιακή Ακτή, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 8 километри источно од градот Катерина и на 70 километри од Солун, на надморска височина од 4 метри. Селото се наоѓа во подножјето на планината Олимп, источно од Солунскиот Залив. Селото има лесен достап до државната и меѓународна магистрала Е75[2].

Историја и демографија

Олимпски Брег е релативно ново туристичко место, изградено во 1970-тите години на местото на дотогашната рибарска месност Катеринско Приморје (Παραθαλάσσια Κατερίνη) или Катериноскала (Κατερινόσκαλα). Селото за првпат на пописите се споменува во 1981 година кога бројот на жители изнесувал 27. На пописот од 1991 година во селото биле евидентирани 107 жители[3]. Денеска, населението на селото е 320 жители според пописот од 2011 година.

Во 1986 г. веќе одделното село го добило новото име „Олимпски Брег“ како туристички попривлечен назив кој се повикува на недалечната и славна планина Олимп.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Туризам

Селото има долга песочна плажа која се протега сè до соседното место Вромероскала (Паралија) и претставува едно од најпопуларните места за летување на Македонците. На ова туристичко место се наоѓаат неколку хотели, кафулиња и дискотеки. На брегот од селото има изградено спортски објекти, пешачки патеки со посебен пристап за лицата со хендикеп, паркинг простори. Плажата е наградена со „Сино знаме“. Освен тоа во селото работи и клиника.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads