Олишки манастир

манастир кај Олишта, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia

Олишки манастирmap
Remove ads

Олишки манастир „Св. Врач“ или „Св. Бессребреници Кузман и Дамјан“ (грчки: Μονή Αγίων Αναργύρων) — манастир кај селото Олишта во областа Пополе, Костурско, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Кратки факти Олишки манастир, Место ...
Remove ads

Историја

Во синаксарот (зборник) на Свети Нектариј Битолски се вели дека манастирот е основан во 1457 г. Тој доживеал расцут во XVIII век. Во 1857 г. врз темелите на стариот храм е изградена новата црква „Свети Бессребреници“. Дел од иконите на старата црква се зачувани до денес. На пример, на иконата „Ангелски собор“ се чита годината 1764. Иконата на Исус Голем Архијереј има датум 1794, а онаа на Архангел Гаврил е од 10 септември 1875 г. На друга икона има натпис кој ја покажува годината 1880.[1]

На денес непостоечкиот параклис со лековита вода „Живоносен Извор“ имало натпис со годината 1880.[1]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за манастирот:

Над тоа село [Тиолишта], на еден час патно растојание се наоѓа манастирот „Свети Врач“, кој одлично управува со своите богати имоти... Во манастирот има училиште во кое се образуваат 15-20 деца од двата пола од споменатото село Тиолишта и други места.[2]
Thumb
Тома Коровешов (Тома Коровесис) во 1897 г., монах во манастирот во 1904 г.

Кон 1900 г. манастирот имал 10-12 монаси.[3]

На почетокот на XX век манастирот го поседувал чифликот Рудник меѓу Куманичево и Загоричани, како и други имоти и многуброен крупен и ситен добиток. Подоцна, поголем дел од имотот е одземен од грчката држава.[4]

По задушувањето на Илинденското востание во 1903 г. во манастирот се засолниле многу семејства од Загоричани и околните изгорени села.[5]

Раскажување на дедо Нољо од Загоричани за засолнувањето на бегалците во манастирот во 1903 г.

Многу ни помогна игуменот на манастирот... Во првите денови по горењето на селата около 4 илјади души најдоа прибежиште во „Св. Врач“. Игуменот на манастирот, иако Грк, му го стави на располагање на населението целото манастирско жито и брашно. Пченкарните полиња од неколку десетини дољуми под манастирот исто така му беа оставени на населението. Се направи уште една фурна во манастирот. Постојано се месеше и печеше леб, но сепак населението не можеше да се нахрани. Некои жени со многу[5] деца земаа брашно, излегуваат од манастирот и го замесуваа врз некој камен. Потоа клаваа оган и го печеа замесеното. На таков начин испечените турти, која со сол, која без сол, им се раздаваа на гладните деца.[6]

Во 1961 г. манастирот имал 9 жители[7], а истата состојба е забележана и во 2011 г.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads