Куманичево (Костурско)
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Куманичево (грчки: Λιθιά, Литија, до 1928 Κομανίτσοβο, Команицово)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
За други истоимени места, погледајте Куманичево (појаснување).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа источно од Костурското Езеро во историско-географската област Пополе. Селото се наоѓа на надморска височина од 1230 метри.
Селото традиционално се дели на две поголеми маали - Горно и Долно Куманичево.
Историја
Во XV век во Куманичево биле евидентирани 10 глави на домаќинства[3] Црквата „Свети Димитриј“ во јужниот дел од селото била изградена во текот на XVIII век[4]. Освен оваа црква, во селото има уште две цркви: „Успение на Пресвета Богородица“ и „Свети Никола“.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Куманичево се состоело од 120 семејства со 350 Македонци[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Куманичево имало 1.020 жители Македонци и 150 Турци[5][7].
Во почетокот на XX век според грчки податоци од 900 жители 110-120 семејства биле патријаршиски, додека 64 биле егзархиски семејства. За време на Илинденското востание селото било нападнато од турски сили и на 21 јули 1903 бил убиен Пено Стреков. Од селото 62 лица учествувале во востанието, од нив загинале петмина - Коле Чолак, Гого п. Христов, Диме Т. п. Христов, Коле Д. п. Христов и Коле Петрушев[8].
По задушувањето на востанието целото село паднало под влијание на Бугарската егзархија[9]. Истата година турските власти не дозволиле наставниците од Костур да отворат бугарско училиште во селото[10]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 480 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија во Горно Куманичево[5][11], и 880 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија во Долно Куманичево. Во Горно Куманичево работело егзархиско училиште[12].
Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 600 Грци и 300 Македонци[13]. Според Христо Силјанов, во 1906 година селото настрадало од грчки андартски напади[14]. Во 1909 година во Долно Куманичево имало 75 македонски егзархиски куќи и 5 гркомански. Црквите и училиштето биле под раководство на гркоманите. Според Георги Константинов Бистрицки Горно Куманичево пред Балканската војна имало 70 македонски семејства, додека Долно Куманичево имало 80 македонски и 40 турски семејства[15].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[16]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 661 жител, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 755 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Така, во Куманичево биле населени 59 бегалци според едни податоци[13], или 21 семејство со 76 лица според други податоци[17]. Во 1926 година, селото било преименувано во Литија.[18] Во селото имало 5 политички убиства.[19].
Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[20], по кое било предадено на бугарските сили. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 67 деца од селото биле протерани како деца бегалци[19]
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото броело 642 жители.[17], додека во 1940 година селото броело 821 жител.
Селото во пописот од 1951 година броело 427 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 424 жители, во 1971 година имало 348 жители, во 1981 година имало 393 жители, додека во 1991 година имало 372 жители[21]. Денеска, населението на селото е 388 мжители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
- Александра Методиева Мичевска (1930 - ?)[22]
- Вангел Пандов Пенев (1904 - ?[23]
- Дамјан Георгиев (1879 - 1943)
- Дамјан Перелингов (1860/1861-?)
- Димитар Павлов Самаров (1929 - ?)[24]
- Калиопа Костадинова Дуева (1900 - ?)[25]
- Константин Пандов
- Константин Количев[26]
- Константинос Папафилип[27]
- Коста Костурски
- Костадин Филиматов[28]
- Методи Димитров Дуев (1897 - ?)[29]
- Милка Георгиева Нашева (1900 - ?)[30]
- Милка Динева Пенева (1902 - ?)[31]
- Михаил Евтерпиу[27]
- Никола Методиев Мичевски (1922 - ?)[32]
- Никола Цицов
- Паринда Хрисанти Дамјанова (1929 - ?)[33]
- Петар Динев (1889 - 1980)
- Тодорос Василиу[34]
- Тодорос Евтерпиу[27]
- Христо Бабаленов
- Александра Г. Бочева (р.1903) — учесник во НОВ на Македонија
- Христо Томов Конуков (1922 - ?)[35]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads