Општа болница - Кочани
болница во Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
ЈЗУ Општа болница - Кочани ― здравствена установа сместена во средишното подрачје на градот Кочани. Болницата ги нуди здравствените услуги на населението кое живее во општините: Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци, како и за населението од општините кои гравитираат кон Oпштина Кочани, како: Виница, Македонска Каменица, Берово, Пехчево и Делчево, регион во кој живеат околу 115,000-120,000 луѓе.[2]
Remove ads
Историја
Болницата е основана во 1924 година како противмаларична станица.[3] Во 1949 година биле изградени општата и стоматолошката амбуланта, а во 1952 година е регистрирана под името Здравствен дом Кочани. Во текот на 50-тите години на минатиот век отворени се уште неколку амбуланти и одделенија како што се интерното одделение, детското одделение, хирургија.[2]
Поради зголемените медицински услуги, се јавило потреба за просторно проширување и Медицинскиот центар - Кочани да вложи. Во 1982 година бил направен проектот од страна на архитектот Тодор Георгиевски, и неговите соработници Снежана Арсова и Мимоза Капсарова. Проектот бил награден со плакетата на град Кочани, во 1984 година. Градежните активности биле во 1983-1884 година и биле вршени од РГО „Бетон“ - Скопје и ООЗТ „Х Градилиште“ - Кочани.[4][5]
Досегашни директори
Ова е список на лицата кои биле директори на Општата болница:[6]
- Димитар Димитров (1964-1967)
- Љубомир Хаџивасилев-Вардарски (1967-1970)
- Антонио Кладорабски (1970-1974)
- Кирил Апостолов (1974-1982)
- Мирко Анакиевски (1982-1986)
- Душан Данев (1986-1991)
- Владимир Коцев (1991-1995)
- Душан Данев (1995-1999)
- Блаже Георгиев (19.01.2000 - 13.04.2001)
- Михаил Иванов (2001-2002)
- Александар Серафимов (2002-2006)
- Миле Николовски (2008-2010)
- Марија Јорданова (2006-2011)
- Дејан Апостоловски (2011)
- Оливера Цимбалевиќ (17.10.2016 - 26.04.2017)
- Дарко Иванов (26.04.2017 - 04.08.2017)
- Борка Панова (04.08.2017)
- Александар Серафимов (2017-)
Remove ads
Особености
Болницата има на располагање 7,796 м2 во делот за хоспитализација, односно соби за преглед и сместување на пациентите, како и 524 м2 за специјалистичко-советодавни услуги.
Кадар
Вкупниот број на вработени во болницата е 226 од кои 43 лекари (4 примариуси, 29 лекари специјалисти, 5 доктори на специјализација и 5 лекари од општа пракса). Меѓу другите вработени има 5 луѓе високообразовна квалификација (економист, електроинженер и биохемичар).
Одделенија

Согласно средината на 2010-тите, во рамките на делот за хоспитализација болницата располага со 120 легла за пациенти, распоредени на следните одделенија:[7]
- интерно одделение;
- САРИЛ, Гинекологија и акушерство со оддел за новородени деца;
- детско одделение;
- хируршко одделение;
- невро-психијатриско одделение;
- хемодијализа
Во болницата се нудат и специјалистичко-советодавни услуги во:[7]
- очна амбуланта;
- амбуланта за кожни болести;
- стоматолошка амбуланта;
- амбуланта за инфективни болести;
- одделението за трансфузиологија и обезбедување на крв и крвни деривати;
- биохемиска лабораторија;
- одделот за радиолошка дијагностика;
- одделот за физикална терапија и рехабилитација.
Remove ads
Галерија
- Болницата во 2023 година
- Болницата во 2023 година
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads